5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Благој Ѓорев“ со добивка од 2,6 милиони денари во првите три месеци...

„Благој Ѓорев“ со добивка од 2,6 милиони денари во првите три месеци од годинава

Margari

Компанијата за преработка на маслодајни семиња “Благој Ѓорев” АД од Велес, во првиот квартал од оваа година оствари солидни финансиски резултати, во согласност и со очекувањата на акционерите. Билансот на успех на компанијата, објавен на Македонската берза покажува дека фабриката Благој Ѓорев остварила нето добивка во висина од 2,6 милиони денари во периодот од први јануари до 31 март.

Оваа компанија која минатата година го одбележа својот јубилеен 90-ти роденден, во овој период остварила вкупни приходи од продажба во висина од 127,3 милиони денари, од кои најмногу на  домашниот пазар – 118,3 милиони денари, а остатокот на странските пазари.

Во изминатиот период компанијатаги интензивираше напорите за пласман на производите на странски пазари, па така склучи договор за соработка и со  деловните партнери во Црна Гора и отсега производите од своето портфолио ќе ги пласира и на овој пазар, а поради зголемената побарувачка и добрата прифатеност од страна на потрошувачите, Благој Ѓорев ќе реализира и поголем извоз на своите производи од досегашниот во Албанија. Покрај овие два странски пазари, оваа македонска компанија веќе трета година по ред извезува поголем асортиман од своите производи во Косово, а од пред две години и во Босна и Херцеговина. На странските пазари се пласираат добропознатото масло за јадење Кристал, повеќе видови на маргарини, како и други производи од широкиот асортиман на оваа македонска компанија.

 

zejtin

Податоците покажуваат и дека „Благој Ѓорев“ ги намалил и оперативните расходи во овој период, па така тие изнесуваат 140 милиони денари, додека во истиот период лани тие биле 152,1милиони денари.

Оваа македонска компанија е најстар капацитет за производство на масло за јадење во Р.Македонија, додека на Балканот влегува во составот на трите најголеми индустриски капацитети за производство на масло за јадење.Својата успешна бизнис приказна компанијата започнува да ја испишува далечната 1923 година, кога се формира “БЛАГОЈ ЃОРЕВ” АД од Велес, најпрво како фабрика за масло, а во 1999 година Благој Ѓорев се трансформира во прехрамбена индустрија поради широкиот асортиман на прехрамбени производи во сопствено производство.

Покрај маслото за јадење и маргаринот, во основните производи на компанијата спаѓаат и растителната маст и растителната мрс, а компанијата на пазарот нуди и висококвалитетни производи за широка потрошувачка: далеку прочуената велешка таан алва, локумот со разни вкусови, желе бонбони, пакувањата од кокос, сусам, какао, алкохолен, вински и јаболков оцет, како и зачинот Кристал кој изобилува со најразлични видови сушен зеленчук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП