7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФирмите со конзорциумски договор до поголема искористеност на ЕУ фондовите

Фирмите со конзорциумски договор до поголема искористеност на ЕУ фондовите

343E2C56BB1D5865E24AC08F7FC2666B

Фирмите многу малку знаат за можностите што им се нудат со фондовите на ЕУ. Капацитети за користење на фондовите ќе ги подобруваат во соработка и заедничка поддршка при аплицирање со државни институции, општини, невладин и академски сектор.

Прв чекор за идните активности е денеска потпишаниот конзорциумски договор за стратешка соработка за директни ЕУ фондови за периодот 2014-2020 година. Првата апликација ќе биде за КОСМЕ програмата за подобрување на капацитетите на мали и средни претпријатија, со буџет од 2,3 милијарди евра. На расплагање е и Рамковната програма за истражување и иновации (HORIZON 2020), со буџет од 80 милијарди евра.

Македонскиот конзорциум го сочинуваат општините Гази Баба и Тетово, Централниот регистар на РМ, Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, Универзитетот на ЈИЕ, ЕМКИЦЕ-Центарот за ЕУ фондови и иновации, … Дел од соработката може да биде секој правен субејкт регистриран во Централен регистар. Меѓу странските партнери и поддржувачи се Европската мрежа на бизнис ангели, Европската мрежа на бизнис иновациски центри, Европскиот бизнис акцелератор и други.

За жал, само говориме за ЕУ фондовите и можноста за нивно користење. Треба веќе и практично тоа да го правиме. Денешниот настан е прв пример во Македонија за поголем конзорциум со повеќе институции од приватен, јавен, невладин и академски сектор. Само така можеме да очекуваме да искористиме дел од ЕУ фондовите, затоа што ако настапуваме сами можностите се многу помали, изјави Тони Трајковски, градоначалник на Општина Газа Баба, еден од потписниците на договорот.

Општина Гази Баба, најави, ќе се вклучи со неколку проекти пред се за поддршка на микро, мали и средни претпријатија. – На бизнис форумот што го организиравме во декември минатата година видовме дека многу малку компании знаат за ова. Поголемите компании  имаат по некоја информација и имаат и сектори за тоа, но за жал микро, малите и средните компании немаат ниту програми ниту вработени за следење на фондовите, ниту пак план

како ќе се движи компанијата во иднина и каде би можела да аплицира за добивање средства, појасни Трајковски.

Според ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Замир Дика, преку ЕУ фондовите се на располагање моќните финансиски инструменти, со заеднички опфат од 89 милијарди евра, но важно е да се подобри конкурентноста за да се пристапи до финансиите. – Добрата вест е што Македонија е партнер во овие инструменти, но другата вест е дека мора да бидеме конкурентни за да имаме пристап кон овие фондови. Таа конкурентност не може да се направи сама, туку во соработка со многу институции, општините, невладиниот сектор, рече Дика.

Поддршка за малите и средни претпријатија во проектот ќе нудат и Агенцијата за поттикнување развој во земјоделството и Њу менс бизнис акцелераторот. – Ќе помагаме при реализација на проекти за истражување и развој во малите и средни претпријатија, со оглед дека компаниите кај нас немаат капацитети во овој дел. Дополнително и вклучување странски партнери од Америка кон инвестиции во помали компании од Македонија, старт ап компании, кои би можеле да ги отворат студенти на завршни години и да почнат свој бизнис, изјави Ирена Чаушевска, директор на Њу менс бизис акцелератор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП