19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТајните на убавата коса

Тајните на убавата коса

hair_care_regime

Ако сакате да знаете како да имате здрава и сјајна коса, еве неколку совети:

Шишање : Убавиот облик на косата почнува со шишањето. Изборот на добар фризер ќе ви обезбеди да бидете задоволни со обликот на својата фризура. Вистинскиот професионалец ќе знае кој облик на фризура ќе одговара на вашиот тип на коса.

Хидрирање: Здравата коса треба да биде доволно хидрирана. Пијте доста вода. Водата не само што ја хидрира вашата кожа и тело, таа ја хидрира и вашата коса.

Миење на косата: Хигиената на косата треба да биде во склад со типот на вашата коса. Внимателно одберете шампон, регенератор и останати средства за нега на косата, така да одговараат на типот на вашата коса. Косата мијте ја со топла вода. Врелата вода ја суши косата и може да ја иритира кожата на главата.

Препарати: Не користете премногу хемиски препарати за коса. Косата може да ви изгледа слепена, брзо ќе се замастува.

Спиење: Спијте доволно. Додека спиете вашето тело се регенерира, вклучувајќи ја и регенерацијата на косата. Би било добро да спиете на перница со навлака од сатен. Таа го попречува кршењето на косата додека спиете.

Маска: Еднаш неделно ставете маска на косата за да ја подобрите влажноста на косата. За да третманот биде поефикасен, преку маската ставете пластично кесе и преку тоа загреана крпа.

Гел: Избегнувајте ставање на гел за коса директно на кожата на главата затоа што тоа ги затвора порите.

Базен: Пред да влезете во базенот, наводенете ја косата со обична вода и така ќе спречите косата да ја впива хлорираната вода од базенот.

Базен 2: Доколку не носите капа додека пливате во базенот, веднаш после пливањето измијте ја добро косата и ставете регенератор.

Сушење: Кога ја сушите косата со фен, воздухот од фенот нека не биде врел затоа што тоа ја оштетува косата. Немојте да го оставате фенот долго да дува во еден дел од главата, постојано поместувајте го фенот и нежно со прстите растресете ја косата. Држете го фенот доволно оддалечен од главата.

Чешлање: Избегнувајте чешлање со четка додека косата ви е влажна. Почекајте таа да се исуши пред да ја земете четката за чешлање.

Исхрана: И не заборавајте, правилната исхрана е многу важна. Ако во исхраната имате доволна количина протеини и витамини, вашата коса ќе расте и ќе биде здрава и сјајна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП