26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХонда го купува тимот Мекларен

Хонда го купува тимот Мекларен

honda meklarene2

Јапонскиот производител Хонда ја разгледува можноста да стекне удел од тимот на Мекларен во Формула 1, тврдат јапонски изданија.

Компанијата ги посакува акциите на бахреинската државна холдинг компанија „Мумталакат“, која поседува 50 % од тимот.

Хонда ќе се врати во Формула 1 следната сезона по шестгодишно отсуство, но само како снабдувач на погонски системи за Мекларен. Двете компании ќе го продолжат успешното партнерство од крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години.

Наследникот на Јапонците во светскиот шампионат, „Браун ГП“ ја освои титулата во 2009-та година, а во моментов води убедливо во генералниот пласман кај пилотите и конструкторите, како фабрички тим на Мерцедес.

Хонда се вклучува во шампионатот поради правилата за новите мотори и погонски системи, преку кои производителот сака да покаже напредок во развојот на еколошките технологии.

Во оваа фаза е познато дека догодина Јапонците ќе ги обезбедуваат погонските системи, единствено на Мекларен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП