20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко сакате да ослабете не правете ги овие вежби

Ако сакате да ослабете не правете ги овие вежби

1955545564538457ee2b99a932193538_orig

Интензивните вежби кои ветуваат брзо губење на килограмите и брзо доаѓање до топ форма, нема да ви помогнат да ги изгубите масните наслаги.

Тренинзите со висок интензитет кои го вклучуваат и краткото и интензивно трчање и интензивното возење на велосипед прават вашето срце да чука многу побрзо отколку на тренинзите со поблаг интензитет.

Некои од овие програми најчесто ви ветуваат дека ќе ослабете после седум-минутен тренинг, а други со три интензивни дваесет-минутни тренинзи.

Шејли Китинг, професорка на Универзитетот во Сиднеј, посака да знае како влијае токму ваквиот вид на тренинг врз ослободувањето од масните наслаги на стомакот и кај луѓето кои воопшто не практикуваат физичка активност.

Група од дебели лица кои се физички неактивни и која учествуваше во ова истражување вежбаше три пати неделно по точно 24 минути. Верувале или не, тие не само што не ослабеле, туку и добиле плус масни наслаги во наредните 12 недели.

„Расте бројот на лица кои ги заменуваат часовите на аеробик со високоинтензивните тренинзи, но ако имате вишок килограми и сакате да се стопат масните наслаги тогаш ова нема да ви помогне“.

Експертите советуваат дека таквиот вид на тренинг е добар за некој кој веќе е во форма, а дека лицата кои сакаат да ослабат треба да вежбаат најмалку 45 минути секој ден со послаб интензитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП