20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал го сака Швајнштајгер на „Олд Трафорд“

Ван Гал го сака Швајнштајгер на „Олд Трафорд“

van gal bastijan2

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед ќе се обиде да привлече една од ѕвездите на германскиот гигант Баерн и германски репрезентативец, Бастијан Швајнштајгер, тврди „Дејли Меил“.

Според изданието 29-годишниот играч е главна трансферна цел на новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Луис ван Гал, кој не планира да ги доведе споменуваните за трансфер на „Олд Трафорд“, Цеск Фабрегас од Барселона и Тони Крос од Баерн. Холандскиот репрезентативец Ариен Робен и клупскиот колега во Баерн, Томас Милер исто така се меѓу имиња поврзани со Јунајтед.

Тренерот на Баварците Пеп Гвардиола е подготвен да ги ислуша понудите за Швајнштајгер, кој не се вклопува во неговите сметки за развој на тимот. Самиот фудбалер исто така е подготвен за нов предизвик, откако ги освои сите важни титули во дресот на „баварците“.

Како што тврдат од „Дејли Меил“ моменталната цена на Швајнштајгер на фудбалскиот пазар изнесува околу 10 милиони фунти, сума која нема да претставува голем проблем за клуб каков што е Манчестер Јунајтед. Останува само да се види дали навистина Ван Гал го посакува Германецот и дали ќе се реализира овој трансфер или пак само станува збор за шпекулации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП