29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ44 лесни начини да согорите 100 калории

44 лесни начини да согорите 100 калории

W

Се што работите согорува калории  – дишењето, спиењето, стоењетo, како и сите останати активности кои ги вршите во текот на денот, и во кои помалку или повеќе уживате. Но што е потребно за да се потрошат само 100 калории? Можеби ќе бидете изненадени кога ќе видите колку малку или колку многу активности ви се потребни за да се постигне оваа цел! Во долниот текст ќе видите се: од стандардните вежби кои ги работите во теретаната до домашните активности во кои може да потрошите 100 калории за само неколку минути.

Со долната листа на активности кои трошат 100 калории оди и идејата, дека следниот пат кога ќе посегнете кон вашите омилени грицки или слатки едноставно погледнете ја етикетата и видете ја нивната енерегетска вредност. Така ќе дојдете до интересни податоци колку време ви е потребно за да калориите од некое, често пати непотребно уживање, ги потрошите.

Значи иако периодите со помалку интезивни активности не се сметаат како класичен тренинг, тие се здравствено корисни и согоруваат додатни калории. Впрочем, колку помалку седите, тоа за вас е подобро.

 

44 начини за да потрошите 100 калории

(Вредностите се приближни и се дадени врз основа на тежината на лицето од 70 кг- колку сте потешки повеќе трошите калории во активностите.)

 

Вежбање:

Велосипедизам: 23 минути необврзувачко возење

Кардио танцување: 15 минути

Елиптикал: 8 минути

Прескокување јаже: 9 минути со умерен интензитет

Подигање на тегови – енергично: 15 минути

Пилатес: 24 минути

Машина за веслање: 13 минути

Степер: 6 минути

Трчање: 9 минути со брзина од 9,7 км / час

Пливање: 15 минути со умерен интензитет

Качување по скали: 11 минути

Шетање: 20 минути одење со брзина од 4,8 км / час

Аеробик во вода: 23 минути

Јога: 20 минути

Зумба: 11 минути

 

Спорт и рекреативни активности:

Кошарка, шутирање на кош: 20 минути

Куглање: 30 минути

Танцување во дневната соба: 20 минути

Пикадо: 35 минути

Лизгање – умерено: 18 минути

Фрлање фризби: 30 минути

Играње фудбал – лесно: 13 минути

Скијање, спуст : 10 минути

Тенис (дабл): 21 минути

Тенис (сингл): 15 минути

Одбојка рекреативно: 26 минути

Скијање на вода: 15 минути

 

Работење во дворот:

Косење на тревникот: 20 минути

Варосување на куќата: 18 минути

Собирање на лисјата: 23 минути

Чистење снег: 15 минути

Перење на колата: 20 минути

Уредување на градината: 18 минути

 

Секојдневни активности:

Држење на дете: 24 минути

Чистење, умерен напор: 26 минути

Готвење: 34 минути

Миење на садови: 40 минути

Бришење на подот: 20 минути

Играње со децата: 23 минути

Буткање на количка: 35 минути

Прередување на мебелот: 14 минути

Купување: 38 минути

Бришење прашина: 23 минути

Шетање на кучето: 26 минути

 

Дали сте изненадени од количината на времето кое е потребно да се согорат 100 калории ? Кои од овие активности можете да ги вклучите во својот живот, за да потрошите 100 калории повеќе дневно? Изберете го начинот кој најдобро се вклопува во вашиот распоред и придржувајте се кон тоа!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП