5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако правилно да го измиете овошјето и зеленчукот?

Како правилно да го измиете овошјето и зеленчукот?

25077_shutterstock_96771832_630x0

Иако пестицидите ги заштитуваат растенијата од болести и инсекти, познато е дека нивното дејство е токсично по човековото здравје.

Како правилно да ги измиете пестицидите од овошјето и зеленчукот?

Остатоците од пестициди можат да се апсорбираат низ коренот на растението и не можат да бидат измиени. Но, она што вие можете да го направите е…

1. Добро измијте ги рацете со топла вода и сапун пред да започнете со подготвување на храната.

2. Со топла вода и сапун исчистете ја работната површина на кујната, даската за сечење и приборот за сечење и лупење, пред и по користењето.

3. Добро измијте го овошјето и зеленчукот под млаз вода.

4. Претходно чувајте ги потпопени во вода 10-тина минути.

Со лупење се отстрануваат речиси сите пестициди. И покрај тоа што на тој начин се губат и некои хранливи состојки, сепак се препорачува овошјето и зеленчукот да се лупат.

Кога е во прашање органската храна, доброто миење е исто така задолжително за да се избегнат бактериските и другите заразни материи, бидејќи „органско“ не значи дека не треба воопшто да го миете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП