24 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета со јагоди

Диета со јагоди

jagodi-645x360

Диетата која е пред вас е базирана на јагоди, а искуствата на оние кои ја спроведувале укажуваат на губиток на дури 3 килограми за 4 дена ! Па малку ли е… Но, прво да се запознаеме со главниот „јунак“ на оваа диета а потоа преоѓаме на диетниот план.

Јагоди – Вкусно и здраво овошје (така ќе го наречеме иако спаѓа во фамилијата на ружите) – исклучително е богато со витамнин Ц. Повеќе витамин Ц од јагодата поседува единствено рибизлата. Кога е во прашање фолната киселина – јагодата во овој случај е апсолутен лидер – ниту едно бобичесто овошје не и ниту близу. Самата јагода е и антисептик и одлично помошно средство во козметиката (посебно при воспаление на кожата) а треба да се напомене дека одлично делува кај проблемите со непцата и кај респираторните проблеми. Исто така, јагодата се покажала и како одличен „борец“ против зголемениот крвен притисок. На психолошки план значително го намалува стресот и го подобрува расположението. Немојте да се изненадите од рецептите во кои се мешаат, за повеќето од нас, „непомирливите“ намирници – едноставно пробајте па потоа изнесете ги своите оценки.

 

Воведни напомени

 

– Диетата е базирана на свежи намирници – затоа обратете внимание на квалитетот при купувањето. Органски одгледуваните намирници, ако ви се достапни се полн погодок!

– Блендерот е просто неопходен кај оваа диета: не само да го забрзува процесот на подготовка на храната туку и помага да таа правилно се асимилира. Затоа ,ставете го на видно место – секогаш на дофат на раката.

– Доколку сте вработени а се мисли на фиксно работно време од 08 до 16 часот – најдобро е диетата да ја отпочнете во петок. На тој начин ќе прескокнете само два ручека (заменети ги со свежи јагоди) а резултатите ќе бидат слични.

– Бидејќи диетата трае само 4 дена – нема посебни препораки за зголемување на физичката активност.

– Доколку не можете без кафе – потрудете се количината на испиеното кафе да не биде поголема од 2 мали шољи (распоредени во текот на денот) а со секое шоља задолжително испијте и чаша вода.

 

Диета со јагоди

 

Прв ден

За појадок, подгответе убава овошна салата. Земете 250 гр јагоди,измијте ги и исецкајте ги на мали парчиња. Половина јаболко исецкајте на коцкички, а половина банана – на тркалезни парчиња. Во голема чинија полека измешјте ги сите состојќи и додадете една лажичка мед и 50 гр незасладен јогурт.

Помеѓу појадокот и ручекот , веројатно ќе огладнете. Еден шејк со јагоди сигурно ќе ви годи и ќе ја намали гладта.

Шејк за ужина: 100 гр јагоди и 1 дцл немасно млеко уфрлете во блендерот, додадете 1/2 лажичка мед и 50 мл негазирана минерална вода и сето тоа изблендирајте го. Ќе ја добиете потребната енергија, малку калории а чувството на глад ќе си замине.

За ручек подгответе лесна салата чии состојќи се :

– 150 гр јагоди

– 1 парче мисиркини гради

– 100 гр краставици

– 300 гр аспарагус

– 10 гр магдонос

– 20 гр ореви ( мелени или крупно изгмечени )

– 1 лажица сок од лимон

– 6 лажици шорба од зеленчук (или негазиарана минерална вода ).

– 1 лажица маслиново масло

Исчистете го аспарагусот, исечете го на парчиња, варете додека не биде сосема мек. Јагодите измијте ги и исецкајте ги на кругови. Исецкајте ја и краставицата на кругови а обарените мисиркини гради на ленти. Сето тоа измешајте го во голема чинија.Преку тоа налијте сос направен со мешање на сок од лимон, шест лажици чорба и маслиново масло.Посипете со ореви по желба и вкус. Салатата е подготвена.

За ужина може да изедете јогурт со јагоди: 100 гр јагоди, 1 дл малкумастен јогурт блендирани со лажичка мед.

За вечера – секако, повторно салата: Измешајте 1 поголем варен компир, ситно сецкан кромид, 1 мал варен целер,1 дцл јогурт ,50 гр немасно сирење и листови магдонос. Зачинете го по желба со сок од лимон, сол и црн пипер.

 

Втор ден

За појадок: 2 парчиња интегрален леб премачкан со малку масно сирење (до 2 проценти масти).

Предпладневна ужина: Од 200 гр јагоди направете пире, помешајтеги  со разни бобинки, додадете 1 лажичка путер и лажичка мед.

За ручек ќе биде необична, но вкусна салата. Во голема чинија помешајте ги ситно сецкани следните состојќи: јагоди (100 гр), 1/2 зелена салата,1 домат,1 пиперка, немасно сирење (50 гр) јогурт (1/2 дл), сок од лимон, сол според вкусот, тост од парче интегрален леб исецкан на коцкички.

За попладневна ужина можете да испитете освежувачки коктел: мешавина сок од јагоди (1 дцл) немасен јогурт ( 1 дцл ) и сок од ананас ( 1/2 дцл).

Вечера: Палачинки со јагоди – Палачинките печете ги во тефлонска тава и послужете ги со крем од изгмечени јагоди, младо сирење и лажичка мед.

 

Трет ден

За појадок – енергетско „полнење“ во облик на овесна каша со додаток на 1/2 дцл сок од јаболко, половина банана и 100 гр исецкани јагоди.

Предпладневна ужина: 1 дцл нискокалоричен јогурт,100 гр јагоди и лажичка мед- сето тоа добро изблендирано.

Ручек: 200 гр свежи јагоди а потоа карфиол: Помала главица карфиол обарена во вода а потоа премачкана со лажичка путер и потоа прелиена со ситни парчиња шунка ( 30 гр).

Попладневна ужина: Мешавина од по 1 дцл сок од портокал и јагода со лажичка мед.

Одличен оброк за вечера: Направете пире од еден поголем обарен морков и еден обарен компир со додаток на млеко (колку е потребно да се добие воздушест пире). Додајте лажичка путер и малку вода. Добро измешајте.Пирето ставете го во огно-отпорен сад и преку него ставете тркалца домати и пиперка исецкана на ленти. Посипајте со лажица пармезан а по желба додајте малку босилок или оригано. Запечете во рерна 15 минути. Со овоа пикантно пире се конзумира сок од еден домат и 100 гр јагоди (за подобар вкус додадете и малку црн пипер).

 

Четврти ден

За појадок можете да изедете 2 парчиња интегрален леб, со немасно сирење и 50 гр јагоди.

Предпладневна ужина четвртиот ден е резервирана за мултивитаминска мешавина: Изблендирајте еден портокал, едно јаболко и 100 гр јагоди. Додадете лажичка мед и уште малку промешајте.

За ручек четвртиот ден на ред е – рибата. Најдобро би било да биде пастрмка, лесно динстана со кромид, зачинета со магдонос и парчиња лимон. На рибата ставете и парчиња од 50 гр јагоди и по желба малку сенф (одлична комбинација ). Одличен додаток е зелена салата благо закиселена со лимонов сок или јаболков оцет.

Попладневна ужина: Во блендер ставете 150 гр јагоди, лажичка мед, сок од еден лимон и 1 дцл вода. По желба можете да го збогатите овој напиток со додавање 1/2 дцл немасен јогурт.

За вечера четвртиот ден – воедно и последен од оваа диета – на ред е весела салата преполна со минерали и витамини со спектар растителни вкусови:

Додека печете еден поголем компир во рерната (заедно со лушпа) – се простувате од блендерот правејќи мешавина од свеж морков, пиперка, лист целер и сок од лимон. Но внимателно – потребно е да се направи нешто налик на паста а за тоа блендерот треба да биде вклучен неколку секунди.Посебно измешајте неколку поголеми јагоди, 50 гр немасно сирење и 1 дцл јогурт. Исто направете паста но поретка од предходната.Симнете ја внимателно лушпата од печениот компир па прекријте го со првата (погустата) паста, а потоа и со поретката паста и уживајте во спектарот на неверојатните вкусови! По желба додадете и малку босилок или оригано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП