29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијански бизнисмен стана концесионер на остров во Венеција

Италијански бизнисмен стана концесионер на остров во Венеција

Poveglia

Италијански бизнисмен доби концесија за користење на остров во Венецијанската лагуна за период од 99 години.

Правото на сопственост врз островот Повелија, бизнисменот Луиџи Бруњаро, кој е директор на приватна агенција за изнајмување на работници, го добил за сума од 513.000 евра.

Негов главен конкурент за добивање на концесијата беше асоцијација на жителите на Венеција, која планираше да го пренамени островот во културен објект.

Оваа група успеа да собере само 440.000 евра од 4.000 донатори.

Површината на островот изнесува 7,5 хектари. Тој се наоѓа во близина на познатиот остров Лидо ди Венеција.

Во минатото Повелија бил место, каде екипажите на бродовите, кои пристигнувале во Венеција, биле сместувани во карантин.

Во минатиот век на овој остров се наоѓал центар за душевно болни лица.

Според легендата, Повелија претставува остров на духовите, кои всушност биле душите на жртвите од чума. гт

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП