7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Берзата денеска прометот над 120 илјади евра

На Берзата денеска прометот над 120 илјади евра

berza-makedonska1-zvono

– На Македонската берза денеска е остварен промет во редовното тргување од 7.428.138,10 денари или 120.656,19 евра од кои 7.152.986,10 денари се на

Официјалниот пазар, додека на Редовниот пазар се истргувани хартии од вредност во износ од 275.152,00 денари.

Официјалниот пазар учествува со 96,29 проценти во остварениот промет, додека Редовниот пазар учествува во остварениот промет со 3,70 отсто. Прометот од редовното тргување со акции на дневно ниво бележи зголемување од 3,18 отсто во споредба со претходниот трговски ден. Од акциите кои се тргуваат на Официјалниот пазар најголемо учество во вкупниот дневен промет имаа акциите на Алкалоид Скопје со промет од 2.513.400,00 денари.

На Официјалниот пазар најголем пораст забележаа акциите на Комерцијална банка – Скопје со процентуален пораст на просечната цена од 8,58 отсто.

На Редовниот пазар најголем пораст забележаа акциите на Цар Самуил АД Банско Струмица со процентуален пораст на просечната цена од 884,00 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП