5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈаболката, јагодите и грозјето меѓу најзагадените со пестициди

Јаболката, јагодите и грозјето меѓу најзагадените со пестициди

ovosjenajzagadenopesticidi

– Јаболката, јагодите, грозјето, целерот, праските, спанаќот, пиперките, краставиците, шери доматите, компирите, нектарините и грашокот, се најзагадените намирници со пестициди, покажува најновата листа на американската непрофитна организација „Работна група за животна средина“ (EWG).

Од анализираните 48 производи, 67 отсто и по миењето содржеле пестициди. Сепак, според EWG, ова не значи дека треба да се исклучат од исхраната зашто бенефитот од нив далеку го надминува ризикот од влијанието на пестицидите.

– Со години не убедуваа дека во пестицидите нема ништо лошо се додека некои од нив не беа забранети, вели Соња Ландер од EWG.

Како што стои во извештајот на EWG, сите тестирани нектарини и 99 проценти од јаболката биле позитивни на барем една пестицидна резидуа, само еден примерок од грозјето содржело 15 пестициди, додека целерот, шери доматите, раниот грашок и јагодите имале по 13 различни пестициди.

Годинава истражувањата опфатиле и ниво на пестициди во лиснатиот зеленчук како кељот и раштанот, и кај лутите пиперчиња. Откриено е дека некои од нив содржат остатоци од органофосфатни и карбаматни инсектициди кои, според експерите, се исклучително токсични.

Позитивно во годинашната анализа на EWG е што само еден процент од авокадото има пестициди. На листата „Чисти 15“ само 5,5 отсто содржат два или повеќе пестициди, а ниту еден нема повеќе од четири.

Како што велат експертите, за отстранување на пестицидите е доволно намирниците да се измијат со ладна вода. Бесмислено е нивно целодневно потопување во сода бикарбона, раствор со киселина или лимонов сок. Тоа се паушални, лаички совети кои потрошувачите во последно време се почесто ги слушаат.

– Овие „рекла-казала“ рецепти немаат никаква основа зашто ако остатоци од пестициди има, тие може да се отстранат со темелно миење на продуктите со ладна вода, можеби не сосема, но до граници дозволени за употреба, истакнуваат стручњаците.

Истражувањата покажуваат дека пестицидите предизвикуваат проблеми кај децата, нарушувања на ендокриниот систем, ендометриоза, Алцхајмерова и Паркинсова болест. Голем дел се и канцерогени.

Генерално, постојат две групи. Едните растението ги апсорбира и по третирањето циркулираат низ неговите сокови, а другите, т.н. контактни, остануваат исклучиво на неговата површина. Првите имаат предност во дождливите периоди зашто се отпорни на плакнење, но се безопасни. До бербата, дури и порано, потполно се неутрализираат и разградуваат.

Вторите се користат за последните прскања на овошјето и зеленчукот. Имаат кратка каренца, период од последното прскање до бербата што значи дека за кусо време се разградуваат.

Миењето на плодовите е потребно не само заради пестицидите, туку и за отстарнување на какви било бактерии и други природни контаминенти каде условите за развој на патогени габи се најповолни.

Науката потврдува дека најмногу остатоци од пестициди има во зелената салата која бара третирање повеќе пати особено ако се одгледува во стакленици. Затоа е битно на пазарите да се продава зелена салата прскана седум дена претходно или листовите да се измијат неколку пати со ладна вода.

Најновите истражувања на Европската агенција за безбедност на храната спроведени во 27 земји членки на ЕУ, од анализирани 77.000 примероци и 500 различни видови храна, покажуваат дека 1,6 отсто од вкупниот број се пронајдени повеќе од максимално дозволените концентрации пестицидни остатоци. „Најзагадени“ биле житарките, посебно овесот, и зелената салата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП