Според СБУ, руската разузнавачка служба ангажирала поранешен полски војник да го убие Зеленски на почетокот на минатата година во Жешов, во југоисточна Полска.
Во понеделник, украинската разузнавачка служба СБУ објави детали за наводниот обид за атентат врз претседателот Володимир Зеленски, пренесува ДПА. Според СБУ, руската разузнавачка служба ангажирала поранешен полски војник, регрутиран пред неколку децении, мотивиран од носталгија кон поранешниот СССР, да го убие Зеленски на почетокот на минатата година во Жешов, во југоисточна Полска.
Шефот на СБУ, Василиј Малјук, изјави дека заговорот бил осуетен заеднички од страна на украинската СБУ и полската безбедносна агенција ABW. Полските обвинители минатиот месец подигнаа обвинение против уапсениот Полјак за соработка со странска разузнавачка агенција.
Според Маљук, Зеленски требало да биде погубен со дрон или снајпер на аеродромот во Жешов.
Двајца поранешни полковници од службата за заштита на Зеленски беа вклучени во заговорот.
Жешов, кој се наоѓа на 70 километри од украинската граница, е една од клучните точки за испораки на оружје и посети на политичари на Украина.
Кога е во посета на странство, Зеленски обично прво патува со воз од Киев до Жешов за да се качи на владин авион таму.