26 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто не е добро да јадете додека гледате телевизија?

Зошто не е добро да јадете додека гледате телевизија?

jadenjetv46464g4re

Освен што е пожелно целото семејство да јаде заедно, бидејќи заедничките оброци ја зајакнуваат поврзаноста, ги зближуваат членовите на семејството и ги подобруваат меѓусебните односи, јадењето пред телевизор има големо влијание и врз дебелеењето.

Истражувањата покажаа дека луѓето многу повеќе јадат кога вниманието им го одвлекува телевизиската програма и слични надворешни „пречки“. За среќа, постои начин како да не внесувате прекумерно храна кога уживате во омилената серија или филм. Јадете во помали залаци!

На учесниците во холандското истражување им е понудена чорба која морале да ја изедат за време на гледањето на 15 минутен анимиран филм. Една група јадела чорба со мали залаци, друга со големи, а третата можела да избери начин на консумирање на тој оброк. Сите можеле да јадат колку што сакаат, но на крајот морале да проценат колку изеле.

Иако сите три групи гледале ист филм, учесниците кои јаделе чорба со помали залаци, консумирале околу 30 проценти помалку отколку останатите групи. Учесниците од другите групи изеле повеќе, но сметале дека не изеле толку многу.

„Потребни се барем 20 минути за да се појави чувството на ситост, а кога јадеме пребрзо, склони сме кон прејадување“, вели Ребека Соломон, нутриционист од Медицинскиот центар „Mount Sinai“ во Њујорк. „Кога храната ја јадеме со помали залаци, јадеме подолго и така ја намалуваме количината на тоа што би го изеле во тие 20 минути колку што е потребно за настанување на чувството на ситост кое доаѓа до мозокот и желудникот“, вели Соломон.

Ако сакате да ослабите, освен на малите залаци, концентрирајте се на она што го јадете и пиете, уживајте во вкусот и внимавајте на тоа што може да ви го одвлече вниманието за време на оброкот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП