24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајдобрите совети за слабеење од Др. Оз

Најдобрите совети за слабеење од Др. Оз

dr-oz-doktorozmuhamed

Колку и да се трудите, не успевате да се ослободите од вишокот килограми? Ако ви е веќе доста од пропаднати диети и фрустрации заради тоа, можеби популарниот Др. Мехмет Оз (кој својата медиумска кариера ја започна во емисијата кај Опра Винфри, а сега има сопствена емисија која ги руши рекордите на гледаност) има решение за вас.

Низ годините полни со искуство тој собирал едноставни совети кои навистина помагаат при слабеењето. И што е уште подобро – во нив нема вклучено строги диети.

За некои совети веќе добро знаеме, па нема потреба дополнително да се објаснуваат:

– Погрижете се доволно да спиете (барем 7 часа дневно)

– Кога сте гладни напијте се вода, бидејќи е можно да сте само жедни

– Немојте да се изгладнувате

– Не се откажувајте од диетата ако веќе сте ја започнале

– Немојте истовремено да јадете и да гледате ТВ или читате

– Користете мали чинии

– Секојдневно движете се што е можно повеќе

Ова се совети кои навистина функционираат, а еве некои за кои можеби не знаете:

Сецкајте ја храната

Така може да ја намалите количината на храна која ќе ја изедете и ќе го излажете мозокот дека јадете повеќе. Кога ќе ја исецкате храната во чинијата таа всушност зазема повеќе простор па порцијата изгледа поголема. Погледот кон полна чинија праќа сигнали до мозокот дека треба да забавите со јадењето и дека веќе речиси сте сити. Истражувањата покажуваат дека лицата кои јадат сецкана храна која изгледа дека е во поголемо количество јадат за 25 проценти помалку од останатите.

Јачмен за појадок

Престанете да јадете паштети или салами со леб и префрлете се на јачменот. Тоа е намирница од која побрзо ќе се заситите. Една порција јачмен содржи 5 гр влакна, што значи дека и подолго ќе бидете сити.

Кисело пред оброк

Закиселенот зеленчук (туршија) содржи тајно оружје: киселина (оцет). Киселината во храната помага да се одржи степенот на шеќер и инсулин во крвта во нормална граница. Доволно е да земете две кисели краставички пред оброк и ќе јадете помалку.

Изедете чинија врела супа

Една чинија врела супа пред ручек ќе ви помогне да внесете помалку калории. Како? Јадејќи ја полека врелата супа, му давате време на мозокот да сфати дека пополека станувате сити, па помалку ќе изедете за време на главнот оброк. Избегнувајте ги густите супи од кесичка, тие имаат многу масти и калории.

Сирење како меѓуоброк

Неодамнешното истражување покажа дека замената на грицките, чипсовите со сирење со намалена масленост и зеленчук, може да ја намали количината на внесена храна за 72 проценти. Комбинацијата на сирење и зеленчук дава доволно калциум и протеини, па нема да изедете многу за да чувствувате ситост.

Нарачајте детска порција

Ако добиете незапирлива желба за брза храна, одберете помала порција. Така ќе ја задоволите својата желба и нема да внесете двојна вредност на калории. Порциите за возрасни имаат застрашувачки калории. Со ваквата постапка и ќе заштедите и ќе се слабеете.

Јаглехидрати за појадок

Го споменавме јачменот, но како друга опција одберете и други здрави житарици или интегрални производи. Така ќе ги задоволите дневните потреби за јаглехидрати, а пред вас е цел ден за да ги потрошите. Воедно од овие јаглехидрати ќе добиете и доволно енергија која ви е потребна за остатокот од активниот ден.

Роибос чај

Овој природно сладок чај без кофеин ќе ви помогне да ја намалите желбата за храна и слатки. Покрај тоа, тој е богат со антиоксиданси кои се многу корисни за вашето тело и здравје. Напијте се шоља чај кога ќе почувствувате глад или желба за нешто слатко.

Вдишете ванила

Добро е познато дека различните ароми и мириси имаат големо влијание на човечкиот мозок, а миризот на ванила може да ја спречи желбата за јадење благо. Набавете свеќи со мирис на ванила или наутро намачкајте се со лонсион од ванила и мирисајте.

Мијте ги забите пред јадење

Трикот е во пастата од пеперминт. Овој вкус докажано го убива апетитот. Со ваквиот потег вие на вашиот мозок му испраќате сигнал дека сте завршиле со јадењето, па за кратко време нема да чувствувате повеќе глад.

Луто за појадок

Се вели дека појадокот е најважниот оброк во денот, па еве уште еден совет: кога јадете луто за појадок, апетитот за ручек ќе ви биде помал, тврди Др. Оз. Вкусот на лути пиперки влијае на центарот за ситост во мозокот, па подоцна нема да бидете толку гладни.

Јадете пред главното јадење

Мајка ви беше во право, јадењето пред ручек навистина го уништува апетитот. Кога станува збор за слабеење тоа ви е од голема корист.  Половина час пред јадење изедете на пр. 15-тина бадеми или лешници или малку овошје. Тоа ќе ви помогне да не чувствувате глад и помалку да изедете за ручек, односно и да сакате да изедете повеќе вашиот стомак ќе ви сигнализира дека внатре нема повеќе место. Само едно јаболко пред јадењето ќе ја намали вашата порција од главниот оброк за 30 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП