17 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШест правила кои можете да ги научите од слабите луѓе

Шест правила кои можете да ги научите од слабите луѓе

resizedimage450407-musc2

Поминаа сите празници, летото се ближи, а вишокот на килограми сеуште е тука. Еве неколку трикови кои ги применуваат витките луѓе, а кои и вам сигурно ќе ви помогнат да се изборите со вишокот на килограми.

1. Јадат само кога се гладни

Витките луѓе јадат исклучиво кога се гладни, но не ги прескокнуваат оброците туку внесуваат примерно количество за појадок, ручек и вечера.

2. Никогаш не јадат само за да му удоволат некому

Сигурно милион пати сте се нашле во состојба да сте сити, но вашата баба или тетка ве нуди со вашата омилена пита или нешто друго што го подготвиле специјално за вас. Колку и да ви е непријатно во ваквите моменти, останете доследни и кажете дека навистина не сте гладни.

3. Витките луѓе не претеруваат со количините на храна

Сигурно многу пати сте слушнале дека витките луѓе јадат се што им се јаде, но тие на пример, наместо да изедат цело чоколадо, ќе изедат само една коцка од него. Почитувајте го ова правило и нема да имате проблем со линијата.

4. Бидете активни

Сите знаеме дека физичката активност освен што е здрава, помага и да го изгубите вишокот наслаги кои сте ги стекнале во текот на зимата. Затоа, пронајдете нешто што сакате и почнете да се занимавате со спорт.

5. Јадете за да преживеете

Храната е навистина неопходна за живот, но не се врти се околу неа. Наместо да замислувате како ќе јадете после работното време, почнете да размислувате за некое хоби, пријатели,  прошетка или некои други нешта кои ве чинат среќни, па пицата и сладоледот нема да бидат центар на вашиот свет.

6. Квалитет, а не квантитет

Освен што водат сметка за количеството на храна која ја внесуваат, витките луѓе исто така водат сметка и за тоа што внесуваат. Нив ретко ќе ги видите како купуваат хамбургер, чипс или пециво. Тие јадат конкретни нешта, чорби, месо, сирење, салати, варен зеленчук. Применете го и вие овој начин и сигурно нема да имате проблем со килограмите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП