На листата со овие намирници се наоѓаат масти, јагледихрати, па дури и чоколадо. Секоја од нив дава неопходна енергија, спречува настанување на болести, и помага да изгледате помлади, но може и да го ви го продолжи животот.
Црна чоколада
Дебора Клајн, авторката на книгата „200 намирници кои ќе ви го спасат животот“, истакнува дека црната чоколадо (со 70 проценти какао) е добра за срцето и го намалува крвниот притисок, додека антиоксидансите го зајакнуваат имунитетот.
Свежо сирење
Свежото сирење е вкусно и ги зајакнува коските, вели Клајн. Освен тоа, помага и во изградбата на мускулите и органите. Сирењето има ниско ниво на натриум, а богатo е и со калциум и протеин. Јадете го за појадок или конзумирајте го како сос за шпагети.
Компир
Компирот е еден од најхранливите зеленчуци. „Нивото на витамин А во него ги руши сите рекорди“, вели Клajн. Одличен е и за превенција од болести бидејќи е богат со антиоксиданси и состојки кои имаат против-воспалително дејство. Голем извор е на скроб, го храни телото со гликоза која е гориво за мозокот, мускулите и органите. Компирот е вкусен потсетник дека јаглехидратите се неопходни за здравјето.
Лутото е здраво
Не само што го надополнуваат вкусот на секој оброк, лутите пиперки го подобруваат и имунитетот. Извор на здравјето е состојката капсацин, која делува против дебелеење, рак, дијабетес и бактерии кои создаваат чир на желудник.
Репка
„Репката е одлична за срцето, косата и здрави очи“, вели Клaјн. Таа е преполна со витамини, антиоксиданси, па дури и калциум. Добра е за крвните садови и спречува оштетување на артериите, што може да доведе до срцеви болести.
Бакалар
Тој ги нуди сите поволности и придобивки од морската храна, без вишок на жива. Не го оптеретува телото со калории, го храни мозокот со омега 3 масни киселини и ги уништува триглицеридите кои го загрозуваат здравјето на срцето. Оваа бела риба, исто така има против-воспалителни својства и го намалува ризикот од хипертензија. Купете свеж бакалар и кратко згответе го.
Јаболка
Ова овошје богатo со хранливи влакна, може да ги намали алергиските реакции, штити од рак и дијабетес, го намалува холестеролот, запекот и дијареата. Со оглед на тоа колку сорти на јаболка постојат на пазарот, сосема сигурно е дека може да пронајдете некоја која ќе ви се допаѓа.
Ореви и други јаткасти плодови
„Оревите се врвна храна за срцето“, вели Клајн наведувајќи дека тие се полни со омега 3 масни киселини. Уживајте со четвртина чаша јаткасти плодови, неколку пати неделно, а истотака ќе ги добиете потребните белковини. Оревите исто таkа содржат и елагинска киселина, кога делува како превенција на тумор.
Боровници
Последни на оваа листа, а всушност би можеле да бидат на прво место по количината на антиоксиданси која ја содржат. Боровниците го спречуваат ширењето на бактерии и инфекции во организмот.