20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКоја е најдобра, а која најлоша храна за лицата кои страдаат од...

Која е најдобра, а која најлоша храна за лицата кои страдаат од алергии?

jabol44441157701096517908cca88d3813699631_orig

Иако сите и се радуваат на пролетта, шарените цветови и сонцето, сепак за некои овој период од годината е вистинска ноќна мора. Зборуваме за луѓето кои страдаат од алергии, а за жал нивниот број од година во година се зголемува. Алергиите можат многу лесно да го нарушат квалитетот на животот, па ако оваа пролет не сакате да бидете затворени во четири ѕидови, прочитајте која е најдобрата, а која најлошата храна за алергиите.

Најдобра:

Јаболки

Одамна веќе се знае дека јаболкото е исклучително здраво овошје. Поради своите состојќи, особено витаминот Ц, може да штити и од алергии и астма, покажуваат истражувањата. Освен тоа, лушпата на јаболкото содржи антиоксиданси кои го подобруваат капацитетот на белите дробови, а истиот се наоѓа и во портокалите, лукот, доматите и јагодите.

Црвено грозје  

Антиоксидантите сокриени во црвеното грзје имаат силни противоспалителни моќи кои докажано благотворно делуваат на симптомите на алергија. Истражувањата покажале дека медитеранската исхрана, богата со намирници како црвено грозје, портокали и јаболка ги ублажуваат симптомите на алергиите како затнат нос и болно грло.

Топол чај

Многу често алергиските симптоми вклучуваат искашлување и пецкање во грлото. Кај таквите проблеми можат да помогнат топлите напитоци, само важно е тие да бидат што потопли. Ако не можете да пиете толку топли напитоци, пробајте да ја вдишувате пареата од чајот, и тоа ќе ви помогне.

Најлоша:

Целер

Пецкањето во устата и грлото може да бидат последица на „орална“ алергија предизвикана од некои овошја и зеленчуци. Симптомите можат да се јават од јадење на целер, но и домати, праски, дињи и киви.

Зачинета храна  

Носот ви тече, ви солзат очите или често кивате после зачинета храна, а и поддуен ви е стомакот? Бидете сигурни дека станува збор за алергиска реакција на зачини. Инаку, тоа се случува поради капсаицин, материјата која се наоѓа во јаките зачини, па единствено решение е одбегнувањето на таква храна.

Алкохол  

Дали сте приметиле дека при конзумирање на алкохол ви тече крв од носот? Не мора тоа да биде обилно, може да биде само една капка. Алкохолот предизвикува ширење на крвните садови, па затоа може да се појави крварење. Ако после зголемено конзумирање на алкохол кожата на ушите, лактите, петиците или вегите ви создава првут, сето тоа е знак дека сте алергични на алкохол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП