Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,013.06 -0.19%    GRNT 859.48 -0.05%    KMB 5,324.84 2.19%    MPT 62,880.24 -0.72%    MTUR 5,100.00 0%    RMDEN18 98.52 0.1%    STB 1,028.04 1.65%    TEL 290.00 0%    TETE 2,384.62 -1.95%    TNB 15,341.67 -0.37%    UNI 2,090.00 0%    VITA 10,750.00 0.47%    

ДИЕТА: „Јади цел ден“

Време: 12:04

Датум: ноември 30, 2018

Категорија: ДИЕТИ

dietajadiceldeno3pu83j

Ако облеката ви е премногу тесна а апетитот добар, Хелен Фостер – авторката на најпродаваните книги од областа на диететиката ви открива како да намалите 2,5 кг за пет дена јадејќи пет оброци дневно!

Досега доколку сакавте да се ослободите од неколку килограми, прво требаше да ја исфрлите ужината па дури и да прескокнете некој од редовните оброци. Ќе се изненадите ако ја погледнете едноставната диета на Хелен Фостер, авторката на диетата „Јади цел ден“ и најверојатно ќе се израдувате со фактот дека ќе можете да уживате во диетата јадејќи пет оброци дневно. Дали сте изненадени и воодушевени ?

Според истражувањата спроведени на универзитетот во Масачусетс, луѓето кои јадат најмалку 4 пати дневно се за 45 проценти помалку дебели во споредба со оние кои што имаат три или помалку оброци во текот на денот.

Постојат многу причини за тоа. Првата е дека самото варење ги согорува калориите. Всушност, неколку часа веднаш по конзумирањето на оброкот богат со диетни влакна, бројот на калории потребни за варење ќе биде за 15 проценти поголем. Ако вашиот оброк е богат со протеини (како што е дадено во оваа диета) вашиот метаболички индекс ќе се зголеми до 30 проценти. Со почесто земање на помали оброци, вие секој пат го вклучувате тој метаболички раст во текот на денот и со тоа калориското согорување го доведувате до највисоката точка.

Редовното конзумирање на оброците исто така го намалува нивото на хормоните кои се складираат во масните наслаги во вашето тело. Прв е инсулинот, кој се активира кога конзумирате обилни оброци, но кога јадете често и по малку, нивото на инсулинот опаѓа. Уште поважен е фактот дека повременото грицкање го намалува нивото на кортизол. Познат по тоа што го потикнува апетитот, го зголемува задржувањето на течноста и го активира складирањето на маснотиите, кортизолот е главен непријател на редукција на тежината. Сепак, во истражувањата на д-р Дејвид Џенкинс на универзитетот во Торонто, најдено е дека конзумирањето на мали оброци повеќе пати во денот го намалува нивото на кортизол за 17 проценти за само две недели. Значи, со почести а помали оброци можете брзо да ослабете а истовремено телото да биде снабдено со доволни количини енергија и нутритиви. Затоа со оваа диета ќе останете/станете здрави, витки и полни со енергија..

Ако задржувате течност во телото оваа диета ќе ви помогне да ја исфрлите. За да го потикнете овоj ефект, вклучете во својот дневен внес на течности две до четири шољи чај од глуварче, тој е природен диуретик.

Во оваа диета се препорачува употреба на помали чинии за да и визуелниот ефект ја следи главната идеа на самата диета: повеќе мали оброци!

Како да направите план кој што ќе биде ефикасен за вас?

Лесно. Едноставно земете пет пати дневно еден од 25-те мини оброци кои се наведени доле. Може да одберете секогаш нешто друго, но петте оброци се ЗАДОЛЖИТЕЛНИ секој ден. Можете и да ги повторувате во текот на денот што потполно зависи од вас, но мора да јадете нешто отприлика на секои два – три часа. Исто така со секој оброк треба да земате чаша вода, растителен чај или кафе или некој диетален напиток. Доволната хидратација на телото е од витално значење затоа што го зголемува согорувањето на калориите до 20 проценти дневно. Навистина нема поедноставен начин да станете витки. Придржувајте се до овој едноставен, здрав план за исхрана две недели и може да очекувате да ослабнете за еден или два конфекциски броја или после 14 дена да бидете 5-7 кг полесни.

План за диетата „Јадете повеќе а ослабнете“: 25 јадења кои се потребни за да ослабнете 2,5 килограми за пет дена.

„Јади цел ден” диетата ви дозволува да уживате јадејќи пет пати дневно !

Потребно е за секој оброк да изберете едно од овие јадења:

– Кајгана од две јајца со средна големина со малку обезмастено млеко, сервирано со неограничена количина грилуван домат.

– Напиток од 150 гр смрзнати боровници и јогурт со намалена масленост, 200 мл обезмастено млеко и 2 чајни лажички овесна каша. Сето тоа добро изблендирано во блендер.

– Замотајте една тортиља со 25 гр сирење со намалена масленост, 1 парче месо од мисирка, 1 рака спанаќ и една ситно сецкана црвена пиперка. Ставете го во рерна и загревајте, додека сирењето не се стопи. Сервирајте ја тортиљата со една лажица салата.

– Мешавина 125 гр јогурт со намалена масленост со 1 дл омилен овошен сок.

– Вариво од грав (150 гр) со колбас (50 гр) сервирано со неограничена количина грилувани печурки.

– 100 гр чипс од јаболко и една рака шери домати измешани со 3 лажици хумус ( намаз од наут).

– Чинија овошје, од две парчиња овошје со средна големина (јаболко,праска или крушка) исецкани и посипани со 125 гр. сирење со намалена масленост.

– Преполовете едно јаболко а потоа премачкајте ја секоја половина со 1 лажица путер од кикирики кој што содржи мала количина шеќер.

– 150 гр пудинг од ориз со намалена масленост сервиран со една праска или 2 кајсии или 7 бадеми или други мали јаткасти плодови.

– Една праска, портокал или банана, сервирана со 10 јаткасти плодови-пробајте мешавина на бадеми, лешници и ф’стаци. Со овошјето испијте 2 дл млеко.

– Направете 2 ражничи од цветови на карфиол, црвена пиперка, печурки и кромид, грилувајте на тивок оган додека зелечукот не поцрни. Покрај зеленчукот сервирајте сув спанаќ прелиен со една лажица кисела павлака.

– Половина од голема конзерва леќа или супа од зеленчук, сервирана со една рака стапчиња од морков потопени во 2 лажици оцет од диво јаболко.

– Салата од целер и краставици прелиена со 150 гр туна од конзерва измешана со две лажици мајонез со намалена масленост.

– Три парчиња шунка или добро грилуван вегетаријански колбас, сервиран со една рака краставици и целер посипани со 100 гр маринирани корнишони.

– 75 гр сирење со намалена масленост ,10 зелени маслинки и едно парче домат.

– Каша од конзервиран грав (100 гр) или путер од махунки со 50 гр сирење со намалена масленост и еден прстофат чили. Сервирајте со 2-3 раце парченца моркови и целер.

– Мисо супа подготвена со 50 гр свежо соино сирење (тофу), 2 листа од сува алга – искинати на парчиња и 2 млади парчиња млад кромид ситно сецкан.

– Половина авокадо посипано со 75 гр туна од конзерва измешана со една лажица мајонез со намалена масленост.

– 75 гр сирење со намалена масленост сервирано со 3 шаки грозје

– 100 гр вегетаријанска паштета со 1-2 шаки парчиња целер.

– Три ќофтиња (секое по 50 гр ) од соини парченца и зеленчук пржен во тефлон.

– 100 гр грилувана риба (било која), сервирана со 2 лажици печен зеленчук посипан со лажица рендано тврдо сирење.

– Салата од едно јаболко и 100 гр варено цвекло. Додадете 50 гр фета сирење или моцарела.

– Издинстајте 100 гр лента од немасно телешко или свинско месо на малку намастен сад. Пред да го извадите од тавчето додајте 1 лажица сладок чили сос. Сервирајте со салата од краставици, млад кромид и домат.

– Грилувајте 100 гр пилешки гради. Додадете една лажица сос од соја (или некој ваш омилен билен зачин) и сервирајте со грилуван домат и неограничена количина спанаќ на пареа.

Значи, ако сте мрзеливи, ве мрзи до броите калории а сакате да грицкате секој час…тогаш ова е вистинската диета за вас! Она што е важно е дека нема да ви недостасуваат нутритиви освен ако изберете сите пет денови за сите пет оброци да јадете исто…а тоа, покрај богатото мени,се сомневаме дека ќе се случи.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Диета со хељда: На најздрав можен начин за 14 дена ослабете дури 7 до 10 килограми

    Диета со хељда: На најздрав можен начин за 14 дена ослабете дури 7 до 10 килограми

    Брза диета со хељда е се што ви треба, ако сакате брзо да влезете во бикини и да се ослободите од неколку килограми вишок. Во…

  • 10 дена 10 килограми помалку? Можно е, со екстремен режим на исхрана

    10 дена 10 килограми помалку? Можно е, со екстремен режим на исхрана

    Овој екстремен режим на исхрана дава одлични резултати, а се препорачува негово практикување само еднаш во шест месеци. Секој ден згответе 500 грама ориз. Кога…

  • Сирова диета: Обновете ја енергијата и изгубете од 3 до 7 килограми

    Сирова диета: Обновете ја енергијата и изгубете од 3 до 7 килограми

    Дали сте кратки со време, а сакате да се ослободите од неколку вишок килограми? За да го направите ова брзо и здраво пробајте диета со…

  • Јогурт диета: За три дена, два килограми помалку

    Јогурт диета: За три дена, два килограми помалку

    Ова е време на годината кога сите зборуваат за јогурт диетата. Постои голема и мала јогурт диета. Првата, голема трае седум дена, а ние денес…

  • Чоколадна диета: 7 килограми помалку за само еден месец!

    Чоколадна диета: 7 килограми помалку за само еден месец!

    Се сомневате дека можете да ослабете без да се откажете од вашите омилени деликатеси? Дозволете ни да ве разубедиме! Оваа седумдневна чоколадна диета подразбира три…

  • Диета за ефикасно слабеење: Обилен доручек и до 10 килограми помалку

    Диета за ефикасно слабеење: Обилен доручек и до 10 килограми помалку

    Диетата ”голем доручек” е се попопуларна. Основниот принцип на оваа диета е за време на најважниот оброк, доручекот, да јадете ‘кралски’ и секој нареден оброк…

  • Таблица на килограми: Колку вода дневно е добро да пиете за лесно слабеење?

    Таблица на килограми: Колку вода дневно е добро да пиете за лесно слабеење?

    Вашата тежина одредува колку точно вода морате да пиете во текот на денот. Секоја диета и начинот на губење на тежината подразбира и пиење доволно…

  • Супер диета! Кога сакате да ослабете најдобар е лимонот!

    Супер диета! Кога сакате да ослабете најдобар е лимонот!

    Оваа диета ја спречува акумулацијата на течности и го разградува вишокот маснотии во телото. Лимонот го прочистува телото и ги отстранува отровите благодарение на високата…

  • Се за диетата од брокули: Килограмите ги намалува како од шега, а нејзиното мени е големо изненадување

    Се за диетата од брокули: Килограмите ги намалува како од шега, а нејзиното мени е големо изненадување

    За оваа диета се говори дека ги симнува килограмите како од шега и го чисти организмот од токсини. Прв и втор ден Доручек: 200 грама…

  • 3 начини за слабеење без броење на калории и гладување

    3 начини за слабеење без броење на калории и гладување

    Многу е важно во вашиот план да ги вклучите навиките кои не делуваат во директна врска со килограмите, но значително ќе придонесат за нивното исчезнување.…