2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис баксузи: Една грешка ги чинела милијарди

Бизнис баксузи: Една грешка ги чинела милијарди

baksizibiznis5f4e5f4e4f

Бизнис Инсајдер објави листа на луѓе кои поради еден погрешен потег останале без своето големо богатство.

Понекогаш е убаво да се има кристална топка и да се погледне во иднината. Така ќе дознаеме дали одлуката што ќе ја донесеме е добра, или пак, е голема грешка. Технолошката индустрија е полна со луѓе кои можеле да се збогатат, но еден погрешен потег во вистинско време ги чинел милијарди долари.

Биснис Инсајдер објави листа на луѓе кои до ден денеска најверојатно жалат за таа една погрешна одлука.

Нолан Башнел

Башнел е основач на компанијата Атари. Бил еден од првите шефови на Стив Џобс. Имал можност да инвестира 50.000 долари во Епл, а тоа да го сторел сега ќе имал третина од компанијата Епл, чија вредност денеска се проценува на неверојатни 489 милијарди долари.

Роналд Вејн

Уште еден човек кој не го согледал потенцијалот на Епл. Бил третиот коосновач на компанијата, а својот удел од 10 проценти го продал две недели откако компанијата почнала да работи, за 800 долари. Тој добил и дополнителни 1.500 долари, затоа што се откажал од сите сопственички права. Да го задржел својот удел од 10 проценти, тој денес би имал богатство од 40 милијарди долари.

Џо Грин

Грин бил цимер на Марк Цукерберг. Заедно ја направиле страницата „Facemash“ поради која западнале во невоља. Кога на Марк му била потребна помош околу Фејсбук, Гриновиот татко го наговорил синот да не учествува во прокет со Цукерберг. Доколку влезел во бизнисот сега би имал 5 проценти од Фејсбук или богатство од 7 милијарди долари.

Дејвид Кован

Кован ја пропуштил можноста да вложи малку пари во Гугл. Неговата пријателка Сузан Војицки им изнајмувала гаража на Лери Пејџ и Сергеј Брин во која ја отвориле првата канцеларија на Гугл. Сузан го наговарала Кован да се сретне со нив, но тој упорно ја избегнувал гаражата и средбата со основачите на Гугл.

Кевин Роуз

Роуз во 2012 година ја продал својата страница Digg на компанијата Бетаворкс за 500 илјади долари. Ова не е занемарлива сума, но неколку години претходно ја одбил понудата на Гугл која била дури 200 милиони долари.

Џери Јанг

Главниот извршен директор на Јаху во 2009 година одбил да го продаде овој пребарувач на Мајкросфт за 44,6 милијарди долари. Многу акционери биле незадоволни поради оваа одлука, а компанијата долго поради тоа била во проблеми.

Џејмс Алтушер

Партнерот на Алтушер во 2000 година му предложил за еден милион долари да купат 20 проценти од Гугл. Алтушер ми одговорил: Пребарувачи: Зарем не се сите мртви? Неговиот партнер му соопштил на Гугл дека таа можност не е доволно голема за нив. Алтушер и денеска оваа одлука ја нарекува најлош потег во историјата на ризичниот капитал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП