29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМорков за подобра концентрација

Морков за подобра концентрација

morkovcinja54f6er4g6fer4ger

Морковот е еден од најздравите зеленчуци, содржи доста корисни и лековити состојки и има антибактериско дејство.

Морковот е двегодишно растение, а во исхраната се користи неговиот корен. Морковот во исхраната може да се користи свеж, варен, како зачин или како прилог на другите јадења.

Содржи малку калории, а многу корисни состојки, па се употребува во диеталната исхрана, но и во исхраната на децата. Препорака е пред да се употреби, добро да се измие и излупи површинскиот слој.

Содржи голема количина на влакна и создава чувство на ситост. Поради робусната ќелиска структура на овој зеленчук, можеме да искористиме само десет проценти бета каротен.

Под дејство на топлина и малку масти, ќелиската структурата се разбива, благодарение на што може подобро да ги искористиме хранливите материи. Морковот содржи витамин А, растворлив во масти, и затоа би требало да се подготвува со малку поквалитетно масло, на пример маслиновото.

Сокот од моркови е многу здрав, без разлика дали да се употребува чист или измешан со друг сок. Сокот од морков се употребува и за облоги против некои кожни болести.

Со истражувањата е утврено дека морковот има голема улога на чистач на организмот од штетни материи настанати со лошата исхрана и дејството од загадената средина и различни зрачења.

Се препорачува најмладите да го користат за доручек, бидејќи се смета дека помага во отстранувањето на заморот, подобрување на концентрацијата, подобро учење и успех во училиштето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП