8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко сакате килограмите да се топат јадете ги овие овошја

Ако сакате килограмите да се топат јадете ги овие овошја

limonjadejhc98374tgfpiu34g43

Погледнете кои овошја имаат неверојатна моќ во топењето на масните наслаги и забрзувањето на метаболизмот.

Повеќето овојша содржат прекумерна количина на природен шеќер кој многу брзо се претвора во маст. Меѓутоа, постои и одреден вид на овошје кое помага во согорувањето на мастите и калориите, а нивното секојдневно внесување може да помогне во процесот на слабеење. Еве за кои овојша станува збор…

Авокадо

Авокадото содржи голема количина на омега 9 масни киселини кој го забрзуваат процесот на претварање на мастите во енергија и ја подобруваат работата на метаболизмот.

Лимон

Одржувањето на здравјето на црниот дроб е императив за способноста на организмот да ги обработува и согорува мастите, бидејќи црниот дроб е еден од органите кој е одговорен за овие функции. Тука на сцена стапува лимонот, тој помага во детоксикацијата на црниот дроб и со тоа го одржува неговото здравје. Покрај тоа, лимонот има и многубројни бенефити за целокупното здравје на човекот.

Кокос

Кокосот е богат со триглицериди од среден синџир кои ја зголемуваат работата на метаболизмот на црниот дроб и до 30 проценти. Покрај тоа, тој многу заситува, па мала е веројатноста дека по неговата конзумација ќе им се „фрлите“ на нездравите грицки.

Грејпфрут

Грепфрутот е одлично овошје за сите оние кои сакаат да го решат проблемот со вишокот килограми. Едно истражување покажува дека жените кои секојдневно конзумирале грејпфрут, во временски период од тринаесет месеци, успеале да изгубат 10 килограми и тоа без големи промени во исхраната и начинот на живот.

Домат

Иако спаѓа во зеленчуците, сепак, мора да го споменеме, тој содржи голема количина витамин Ц и ликопен, така што го стимулира производството на амино киселина позната под називот карнитин. Истражувањата покажуваат дека карнитинот ја забрзува способноста на организмот да согорува масти и тоа за една третина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП