11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle отвори истражувачки центар во Кина

Nestle отвори истражувачки центар во Кина

nestle centar

Швајцарскиот прехрамбен гигант „Nestle“ отвори центар за истражување на безбедноста на храната во Пекинг, со цел на подигнување на стандардите во оваа област.

Институтот „Nestle“ во соработка со кинеските власти, ќе работи на подобрување на прописите и стандардите во поглед на безбедноста и сигурноста на прехрамбените намирници.

Со оваа инвестиција компанијата ќе придонесе за подобра контрола на квалитетот на храната и да се намалат аферите со неисправноста на истата, кои неколку пати ја потресуваат Кина, а најголема беше онаа кога со млеко беа отруени 300.000 деца од кои шест починаа.

Кинеските власти не успеваат до крај да го решат проблемот со здравствената безбеднос во локалните фарми, па поради тоа голем број од нив се затворени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП