6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВежбајте го мозокот како мускулите

Вежбајте го мозокот како мускулите

mozokmuskuli54646s4

Ако сте во некоја работа, тогаш најверојатно имате многу задачи кои треба да ги завршите. Да се остане сконцентриран и фокусиран денес е многу тешко.

Секоја минута ве „напаѓаат“ меиловите, телефоните, клиентите, вработените со прашањата и сите бараат внимание за себе.

Вештината за вршење на неколку работи истовремено е навистина за пофалба, но таа истата вештина, не е корисна. На мозокот му е потребно барем 20 минути дневно да биде фокусиран, сконцентриран и непречен од страна за да доживее трансформација, а сето тоа ќе го постигнете со вежби, затоа вежбајте го мозокот.

Пробајте три едноставни начини за да постигнете добра концентрација:

Најпрво, работете креативни работи. Обично, сите наутро прво им приоѓаме на полесните задачи за кои не треба многу „мозок“, а потоа во текот на денот одиме кон се потешки задачи. Завртете го редоследот.

Истражувањата покажале дека само шест часови неделно сме фокусирани. Затоа е важно што ќе направите за тоа време. Во зависност од вашиот период на најдобро фокусирање, распределите ги задачите-најтешките завршувајте ги кога сте најдобро фокусирани.

Тренирајте го мозокот како мускулите. Тренирајте го мозокот да биде сконцентриран и фокусиран. Исклучете ги сите фактори кои ви пречат и започнете со пет минутно дневно посветување на само една задача. Исто како кога вежбате и ги развивате мускулите за да бидете во форма. Извежбајте ја неговата фокусираност, активност и времетраењето на доброто работење. Фокусирајте се на нешто и следете колку време можете да останете комплетно фокусирани, наредниот ден зголемете ја сесијата за да го навикнете секој ден малку по малку да ја зголемува продуктивноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП