27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХрана која треба да ја избегнувате на патувањата

Храна која треба да ја избегнувате на патувањата

sendvich546464

За повеќето туристи, најдобар дел од патувањето е испробувањето на различна и егзотична храна. Сепак треба да бидеме внимателни, особено ако патуваме во земји, кои не се познати по завидното ниво на хигиена. Без разлика колкав гурман сте, треба да внимавате што ставате во уста кога патувате во светот.

Следат неколку важни совети, кои можат да ви помогнат вашето патување поради заразената храна да не се претвори во катастрофа.

Вода од чешма

Заразената вода е една од најчестите причини за болестите ширум светот. Бактериите, кои ја предизвикуваат дијареата, и низа други болести доаѓаат токму преку храната и водата загадена со човечки или животински измет.

Совет е да се информирате однапред за дестинацијата на која патувате, проверете каква е водата од чешма. Доколку и малку се сомневате во нејзината чистина, пијте исклучиво флаширана вода и сокови и избегнувајте миење на забите со вода од чешма.

Мраз

Слично како и со водата од чешма, некои бактерии можат да преживеат и во форма на мраз. Во земјите со сомнителен квалитет на водата мразот конзумирајте го само ако е направен од флаширана или провриена вода. Доколку не можете да проверите од каква вода е мразот, подобро да не го конзумирате.

Храна за која постои можност дека паднала на под

Доколку сте љубител на брза храна, би требало да водите сметка при одбирањето на локалот во кој ќе јадете. Храната која ќе падне на под може да биде контаминирана на безброј начини. Сетете се само на чевлите кои носат траги на се што ќе допрете, вклучувајќи го и изметот. Доколку се сомневате во хигиената на локалот, заобиколете го.

Хигиената и миењето раце

Во многу земји процесот на миење раце пред допирањето на храната не е пракса. Внимавајте на персоналот, нивната надворешна хигиена.  Доколку за нивната хигиена не можете да заклучите само на прв поглед, пронајдете ги останатите знаци кои можат да ви укажат на тоа – од сапунот во тоалетите, чистата облека, па се до нивното однесување.

Барајте свеж и топол оброк

Свежо-подготвениот оброк не е пријател со бактериите и тоа е она што е најдобро да го барате во рестораните. Треба да внимавате јадењето да е свежо, а не само загреано.

Храна која стои на сонце

Готвената храна може да стои на сонце најмногу два часа.  Нејзината вредност особено се намалува ако таа стои подолг период на сонце и на висока температура. Тоа особено се однесува на храната која се наоѓа на различните тезги. Избегнувајте храна, која стои на сонце, бидејќи таа е легло за бактерии.

Сурова храна

Овошјето и зеленчукот се здрави продукти за конзумација, но не и во земјите, каде водата од чешмите е контаминирана. Во тој случај е подобро да ги избегнувате. На местата каде водата не е безбедна држете се до правилото излупете и згответе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП