4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија заработува 100.000 евра месечно од наемнини од имот одземен од кримналци

Србија заработува 100.000 евра месечно од наемнини од имот одземен од кримналци

rent-a-townhouse-in-mississauga

Србија секој месец заработува по околу 100.000 евра од наемнини од издавање на конфискуван имот стекнат со криминални активности, соопшти српското Министерство за правда.

Освен станови, куќи и угостителски објекти, Србија под наем дава и возила конфискувани од кримниналците.

Покрај наемнината, од продажба на конфискувани возила државата Србија заработила дополнителни 100.000 евра.

За пет години од усвојувањето на законот за конфискација на имот стекнат со криминални активности, државата времено или трајно одземала 280 станови, 53 куќи, десетина деловни простории и хотели, два каменоломи, 368 автомобили, еден брод и еден трактор.

Меѓу конфискуваниот имот се и 11 килограми златни шипки, 17 килограми златен накит, антички монети, уметнички дела, лукзуни часовници и над 82 милиони динари, 11,5 милион евра и 66.000 швајцарски франци во готовина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП