6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКоја храна најчесто предизвикува алергиски реакции?

Која храна најчесто предизвикува алергиски реакции?

alergijanco;hfr38

Алергиски реакции се појавуваат најчесто во првите години од животот. Иако алергијата може да ја предизвикаат речиси сите намирници, главни виновници се млекото, јаткастите плодови, јајцата и школките.

Непосакуваните реакции од храната може да се поделат во две основни групи: токсични и нетоксични. Токсична реакција се јавува кај секого што изел одредена количина на храна заразена со бактерии или токсини. Нетоксични реакции се јавуваат кај преосетливи лица, а можат да бидат алергиски и неалергиски.

Иако можете да бидете алергични скоро на секоја храна, 90 проценти од децата се алергични на овие производи:

– Кравјо млеко

– Јајца

– Кикирики

– Производи од соја

– Јаткасти плодови

– Пченица

– Риба, школки, ракчиња

Како се манифестира алергиската реакција од храна?

Симптомите на алергија од храна се чешање, иритација, блага отеченост на устата, јазикот и грлото. Уште некои од симптомите се: грчеви, мачнини, повраќање и пролив. Кај мал број на луѓе (1 или 2 проценти) може да дојде до анафилактички шок.

Орален синдром на алергија

Овој синдром се јавува кај 50 проценти од луѓето кои патат од сезонски алергии. Ако сте алергични на полен, реакција може да се јави во случај на јадење киви, моркови, компир или целер.

Во кој период се јавуваат алергиските реакции од храна?

Алергиите се јавуваат најчесто во првите години од животот. Во развиените земји тоа е бројка од 8 до 28 проценти кај деца, додека алергиите кај возрасни се значително поретки.

Најважна терапија е диетата

На болните луѓе кои се алергични на одредена храна им се препорачува диета односно избегнување на тие намирници. Важно е да се насочат луѓето кои имале системска алергиска реакција (анафилактички шок) кон мерките за строго држење на овие диети.

Ако се симптомите толку силни што ви оневозможуваат нормален живот, задолжително посетете го вашиот лекар и подложете се на алергиски тестови. Резултатите кои ќе ги добиете ќе му помогнат на лекарот да ја одреди најдобрата терапија за вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП