Без разлика дали сакаме да признаеме или не, суплементите ни се потребни. Без разлика колку здраво се храниме, истражувањата покажуваат дека сепак е потребно да ги внесуваме и овие додатоци во исхраната. Мислите дека не ви се потребни? Дознајте ги четирите најпотребни суплементи кои им се неопходни на сите…
Калциум
На сите им е добро познато дека калциумот создава цврсти коски, но овој минерал е неопходен и за други функции, како што е преносот на нервните сигнали. На жените на возраст од 19 до 55 години потребни им се 1.000 мг калциум на ден.
Витамин Д
Тој не само што ја подобрува апсорцијата на калциумот, туку игра и важна улога во спречувањето на ракот на дојка, дебелото црево и дијабетесот. Во зимскиот период потребни се 2.000 IU витамин Д. Во текот на летото внесувајте 1.000 IU па дури и помалку ако подолго време сте изложени на сонце.
Омега 3 масни киселини
Ниското ниво на овие здрави масти може да доведе до внатрешно воспалување, срцеви заболувања, дијабетес и рак. Потребно ви се помеѓу еден и два грама дневно (1000 до 2000 мг).
Пробиотици
Пробиотиците или добрите бактерии докажано е дека ги ублажуваат гастроинтестиналните проблеми, како што е дијареата, па дури можат и да го намалат ризикот од настинка и грип. Со цел да си помогнете во текот на денот, една капсула пробиотици е сосема доволна.
Напомена: Пред внесување на суплементи и други витамини потребно е да се консултирате со вашиот лекар.