вторник, март 2, 2021
-4 °c
Skopje
6 ° вто
7 ° сре
7 ° чет
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ADIN 750.00 2.6%    ALK 14,056.61 0.41%    GIMS 9,240.00 29.96%    INBR 4,000.00 0%    KMB 7,697.77 -2.28%    MPT 71,000.01 0%    REPL 106,000.00 0%    RMDEN18 99.50 0%    RMDEN19 99.50 0%    SBT 3,292.00 -4.57%    STBP 501.00 -11.95%    STIL 58.00 0%    TNB 19,585.34 -1.8%    TTK 1,359.63 -3.36%    ZIMS 1,268.00 0%    
Почетна ТОП ВЕСТИ

Руски рулет

март 3, 2014
во категорија ТОП ВЕСТИ, ФОРЕКС, ФУНДАМЕНТАЛНИ АНАЛИЗИ
A A
Руски рулет
1
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

putin-obama-syria-statement

Фундаментална анализа 03-07 Март 2014 година

Можеби изненадени, а можеби и не првиот работен ден во оваа недела го дочекуваме со воено-политичките превирања во Украина. Развојот на настаните не е оптимистички поготово после неофицијалниот упад на руските безбедносни сили на Крим. Ваквиот развој на настаните е крајно загрижувачки бидејки остава простор за понатамошна ескалација на настаните во Украина токму после “успешната“ револуција и фактичката промена на власта во таа земја. Рускиоте оклопни транспортери (без таблички) и руските безбедносни сили (без ознаки) де факто се присутни на кримскиот полуостров и во целост го имаат окупирано под изговор дека го заштитуваат локалното населени од “бандитите“ кои насилно ја презеле власта и не се легитимни да ја водат државата. Секако овие нови “револуционери“ кои најверојатно беа потпомогнати од западните сили да ја преземат власта не се позитивно настроени кон Русија. Со оглед дека на полуостровот Крим е стационирана руската црноморска флота а населението во поголем процент е руско и овој потег мора да признаеме дека не е нелогичен. Поготово што слична ситуација видовме и за време на превирањата во соседна Грузија кога Русија се замеша и под изговор дека мора да го заштити руското малцинство откина еден дел од северната територија на Грузија. Во секој случај, развојот на настаните е исклучително негативен и како таков почна да предизвикува реакции во целиот свет.
Западните сили се многу нервозни и почнавме да слушаме за дипломатски отповикувања, разни протести, уцени па дури и закани. Ова последново можеби е најважно за нас. Имено, Русија е под закана за воведување на економско ембарго и под закана за ограничување на слободниот проток на луѓе, роба и капитал во “слободниот“ свет. Пазарните реакции во Понеделник очекуваме да бидат големи. Всушност очекувањата се дека волатилноста под влијание на несигурноста ќе предизвика реакции насекаде. Па доколку безбедносната состојба ескалира прво најверојатно ќе биде  предизвикана таканаречена “risk off“ состојба на пазарите, поготово во првите два-три дена од работната недела. Тоа е состојба кога движењето на пазарите е предизвикано од страв, песимизам и несигурност. Во такви околности логично е прво негативна реакција на земјите кои се дирекно или непосредно инволвирани а позитивно е за прибежиштата на капиталот. Значи супер негативно е за руската рубља, негативно е и за сите валути на земјите кои се во непосредна близина на проблемот Полска, Турција, Романија итн. Негативно е секако за еврото кое најверојатно ќе ослабне во однос на другите валути, негативно е и за берзите (посебно во Европа) каде котираат голем број компании кој се деловно поврзани и со Русија и со Украина, неутрално може да биде за американскиот долар (во зависност од инволвираноста на САД) а позитивно за Јапонскиот јен. Позитивно е и за обврзниците на развиените земји кои не се засегнати, но најпозитивно е за цената на златото кое во вакви околности знае да полета заради зголемената побарувачка. Ете таква е пазарната психологија во вакви вонредни околности. Имајте предвид дека ваквата состојба можеби ќе створи и зголемени можности за заработка бидејќи движењата се големи, секако во зависност од развојот на настаните може да дојде и до пресврти. Но факт е дека волатилноста значително ќе биде зголемена заради пазарната “мобилизација“.
Меѓу другите настани како поважни ќе ги издвоиме одлуките на централните банки на Европа и Англија во Четврток за висината на каматните стапки и говорот на гувернерот за согледувањата во економијата и насоките на монетарната политика. Говорот на гувернерот на ЕЦБ Марио Драги е закажан за Четврток во 14:30 часот. Под влијание на ниската инфлација и не баш добрата состојба со економијата а поготово со невработеноста очекувањата се дека гувернерот во својата реторика ќе биде умерено песимистичен и ќе говори во прилог на дополнителни олеснувања и на дополнително кратење на каматата или понатамошно одложување на евентуалното зголемување на истата. Ваквата реторика би требало да е негативна за вредноста на европската валута.
Во Петок во 14:30 е податокот за состојбата со вработеноста во САД. Со оглед дека програмата за монетарно кратење е во тек а бројот на невработени е значително намален во последниве месеци евентуалнио подобрениот број на нововработени позитивно би влијаел на американскиот долар. Единствено загрижувачки за овој податок е влијанието на мошне неповолните временските прилики во САД.
Иако во нормални услови овие се исклучително важни настани и имаат огромно влијание врз движењето на пазарите, сепак оваа недела очекуваме да помине во фокусот на развојот на настаните во Украина. А кога психологијата, односно во овој случај стравот и несигурноста ќе стапат на сцената тогаш и пазарите знаат да влезат во ирационална фаза и да подклекнат под влијанието на таквиот притисок.

Тагови: analizaberzadenaridolarevroforeksfundamentalnarusijasadsostojbatrguvanjeukrainavalutivoenaанализаберзавалутивоенадолареврорусијасостојбатргувањеукраинафорексфундаментална
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

По неполна година нова седумка на лото вредна над 365.000 евра

Следна Објава

Забрза темпото на економскиот раст на Шпанија

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Лука Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари!
АВТОБИЗ

Лука Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари!

март 1, 2021
57

Лука Дончиќ како да е создаден да поставува рекорди. Најмногу на кошаркарскиот терен, а сега и кај лудите колекционери на...

Прочитај повеќе
Нови 234 случаи на Ковид-19, починаа седум лица
ЕКОНОМИЈА

Нови 234 случаи на Ковид-19, починаа седум лица

март 1, 2021
215

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19 од направени...

Прочитај повеќе
ТАВ објавува: Меѓународниот Аеродром Скопје награден како најдобар аеродром во европа во неговата големина и за најдобри хигиенски мерки во европа за 2020 година
ЕКОНОМИЈА

ТАВ објавува: Меѓународниот Аеродром Скопје награден како најдобар аеродром во европа во неговата големина и за најдобри хигиенски мерки во европа за 2020 година

март 1, 2021
248

Меѓународниот Aеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, e награден од Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International) со ASQ-наградата за...

Прочитај повеќе
ОКТА ги објави финансиските резултати за 2020 година
КОМПАНИИ

ОКТА ги објави финансиските резултати за 2020 година

март 1, 2021
32

Минатата година ја обележа пандемијата на КОВИД-19, што доведе до значително намалување на глобалните економски активности, особено во првата половина...

Прочитај повеќе
Како ќе изгледаат ковид-пасошите, и кога да ги очекуваме?
ЕКОНОМИЈА

Како ќе изгледаат ковид-пасошите, и кога да ги очекуваме?

март 1, 2021
101

Повеќето земји од Европската унија се согласија да го олеснат патувањето со воведување на дигитален сертификат за вакцинација, додека невакцинираните...

Прочитај повеќе
МВР отвори линија за анонимно пријавување лихварство
ЕКОНОМИЈА

МВР отвори линија за анонимно пријавување лихварство

март 1, 2021
61

Министерството за внатрешни работи во изминатиот период почна акција за сузбивање на незаконската појава на позајмување на парични средства за...

Прочитај повеќе
Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот
ЕКОНОМИЈА

Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот

март 1, 2021
41

Универзалната сала во Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит, задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и...

Прочитај повеќе
Од ноќеска на полноќ повисоки цени на горивата
ЕКОНОМИЈА

Од ноќеска на полноќ повисоки цени на горивата

март 1, 2021
189

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Прочитај повеќе
Уапсен поранешниот претседател на Барселона
АВТОБИЗ

Уапсен поранешниот претседател на Барселона

март 1, 2021
71

Полицијата, претпладнево, извршила рација во официјалните простории на фудбалскиот клуб Барселона. Шпанските медиуми објавија дека се уапсени поранешни челници на...

Прочитај повеќе
Закрепнувањето на економијата ја зголемува побарувачката за „црното злато“
ЕКОНОМИЈА

Закрепнувањето на економијата ја зголемува побарувачката за „црното злато“

март 1, 2021
24

Цените на нафтата на светските берзи пораснаа минатата недела, така што тие забележаа скок од околу 20 проценти во февруари,...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лука Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари!

Лука Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари!

март 1, 2021
Нови 234 случаи на Ковид-19, починаа седум лица

Нови 234 случаи на Ковид-19, починаа седум лица

март 1, 2021
ТАВ објавува: Меѓународниот Аеродром Скопје награден како најдобар аеродром во европа во неговата големина и за најдобри хигиенски мерки во европа за 2020 година

ТАВ објавува: Меѓународниот Аеродром Скопје награден како најдобар аеродром во европа во неговата големина и за најдобри хигиенски мерки во европа за 2020 година

март 1, 2021
ОКТА ги објави финансиските резултати за 2020 година

ОКТА ги објави финансиските резултати за 2020 година

март 1, 2021
Како ќе изгледаат ковид-пасошите, и кога да ги очекуваме?

Како ќе изгледаат ковид-пасошите, и кога да ги очекуваме?

март 1, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Како изгледа куќата која Мајк Тајсон му ја продаде на 50 Сент кога банкротираше (ФОТО)

    Како изгледа куќата која Мајк Тајсон му ја продаде на 50 Сент кога банкротираше (ФОТО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Руски научници работат на вакцина против коронавирус која може да штити 13 до 17 години

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Денеска започна 6-тата по ред наградна игра на Макпетрол – „Верна – една и единствена“

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Пристигна „Volkswagen Golf GTI Clubsport 45“ во ограничена серија (ФОТО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • ТАВ објавува: Меѓународниот Аеродром Скопје награден како најдобар аеродром во европа во неговата големина и за најдобри хигиенски мерки во европа за 2020 година

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 01.03.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 01.03.2021

март 1, 2021
1.1k
Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021

март 1, 2021
1.9k

КВИЗОВИ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?
КВИЗ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
583

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
ММФ: Наскоро крај на рецесијата во Шпанија

Забрза темпото на економскиот раст на Шпанија

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани