8 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се заштитите од болести на работа?

Како да се заштитите од болести на работа?

bolenkolegazashtitazdravje56

Вие сте совршено здрави, меѓутоа, речиси сите луѓе на работа се болни, па и вие очекувате секој момент да се разболете. Иако сте изложени на бактерии, постојат начини да се заштитите и да останете здрави на своето работно место.

*Често мијте ги рацете, посебно ако треба да јадете или пиете.

*Работите на вашето биро редовно чистете ги, посебно телефонот, особено ако го користи уште некој освен вас. Најдобро би било да употребите дезинфекциско средство.

*Не го прескокнувајте доручекот, бидејќи доручекот ве прави активни и здрави.

*Доколку вашиот колега е многу болен, но и покрај тоа дошол на работа, избегнувајте го и не доаѓајте во директен контакт со него.

*Пијте доста течности за вашиот организам да не дехидрира, а со самото тоа и да не ви го собори имунитетот кој ве штити од болести.

*Личностите кои не користат паузи за да се одморат, туку остануваат на работното место за побрзо да завршат со работата, почесто се разболуваат од оние кои користат пауза. Според тоа, искористете ја секоја пауза и одморете се.

*Доколку пушите, престанете. Вашиот организам и вашиот имунолошки систем опаѓа, бидејќи пушењето го зголемува нивото на стрес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП