Можеби веќе подолго време размислувате за нов апарат за домаќинство, сакате да ја освежите кујната или конечно да набавите уред што ќе ви ја олесни подготовката на омилените јадења. А можеби едноставно ви недостига мал сојузник кој секојдневните ритуали ќе ги направи уште попријатни. Без разлика која е причината, Black November е вистинскиот момент желбите од вашата листа за купување да ги претворите во реалност.
Gorenje подготви специјална понуда која трае до 30 ноември и опфаќа избор на мали и големи апарати за домаќинство по специјални цени. Тоа значи дека нема потреба од брзање и чекање на последниот петок во месецот – имате доволно време внимателно да ја разгледате понудата и да го изберете апаратот што најдобро одговара на вашите потреби.
Малку работи носат толку задоволство како чувството на чист и уреден дом. А кога постои апарат што ја прави таа задача полесна, секојдневието станува уште попријатно. Gorenje стик правосмукалката SVC259449NDCO е создадена токму со таа идеја. Благодарение на моќниот InverterPower BLDC мотор, овозможува ефикасно чистење, додека батеријата обезбедува до 60 минути работа. Особено практична е четката која спречува заплеткување на коса и влакна од домашни миленици, како и HEPA 13 филтрацијата, која придонесува за почист воздух во домот. Со LED осветлување на четката, ниту прашината на тешко достапните места нема да остане незабележана. За време на Black November, овој модел е достапен по цена од 11.990 денари, наместо редовните 14.990 денари.
За оние што сакаат да внесат повеќе свежина во своето секојдневие, соковникот за бавно цедење Gorenje JC4800VWYможе да стане омилен сојузник во подготовката на здрави напитоци. Неговата технологија на ладно цедење работи со само 80 вртежи во минута и овозможува регулирање на количината на пулпа, па секој може да подготви сок според својот вкус – од целосно бистар до напиток богат со овошни влакна. Благодарение на тивката работа и лесното чистење, подготовката на свежи сокови станува едноставен утрински ритуал. Неговата Black November цена изнесува 7.490 денари, наместо 8.990денари.
А за сите што сакаат да експериментираат во кујната, но истовремено бараат поедноставна подготовка на оброци, Gorenje AF2700BP фритезата на топол воздух нуди бројни можности. Со капацитет од дури девет литри и иновативната EasySplit зона, овозможува подготовка на еден поголем оброк или две различни јадења истовремено. Со осум однапред поставени програми, подготовката на месо, зеленчук, риба, пица или омилениот помфрит станува многу полесна, додека за крцкави резултати се потребни само неколку капки масло. Практичен додаток е и SyncServe функцијата, која овозможува различните јадења да бидат готови во исто време. За време на Black November, овој модел е достапен по цена од 7.490 денари, наместо 9.990денари.
Секој дом има свои мали ритуали, навики и моменти што го прават посебен. Понекогаш токму мал, внимателно избран апарат е она што ни недостига за да ги направиме секојдневните активности поедноставни, да внесеме нова енергија во кујната или да пронајдеме повеќе време за себе и за луѓето што ги сакаме. Токму затоа Black November е одлична можност за паметен избор. Разгледајте ги сите поволности на Gorenje веб-продавницата.