26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМојс има два месеца да ја сочува работата

Мојс има два месеца да ја сочува работата

moyes

Управата на Манчестер јунајтед му дала рок од два месеца на тренерот Дејвид Мојс да ja подобри состојбата и резултатите на тимот кој во изминатите седум месеци додека е тој на чело игра под своето реноме, пишува
„Индипендент“.

Соработката со Мојс ќе трае сигурно до 26 април кога завршува годинашнава сезона во Премиер лигата.

Дотогаш Јунајтед треба да одигра најмалку 12 натпревари, 11 во Премиер лигата и реваншот со Олимпијакос, кој ги победи „црвените ѓаволи“ на првиот меч од Лигата на шампионите со 2:0, што дополнително ги засили критиките кон Мојс.

Манчестер јунајтед сезонава по 27 одиграни кола во Премиер лигата има освоено само 45 бодови, 23 помалку од лани кога екипата ја водеше Алекс Фергунсон.

Јунајтед во моментов заостанува дури 15 бодови зад првопласираниот Челзи.

Англиските медиуми деновиве пишуваат дека акциите на Манчестер јунајтед ќе бидат продадени на Њујоршката берза, што според нив ќе значи дека Дејвид Мојс најверојатно ќе го
напушти клубот поради слабите резултати и неисполнетите очекувања на акционерите.гв/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП