Виното може да го подобри расположението, но има и значителни лековити својства.
Една чаша вино во текот на денот, го опушта вашето тело и ви подарува здравје. Пијте винце и уживајте!!!
Го намалува ризикот од срцеви болести
Умерената консумација на алкохол (1-2 чаши), како што е виното, го намалува ризикот од срцеви болести за 35 проценти.
Го намалува ризикот од мозочен удар
Околу 18мл вино неколку пати неделнo, може да го намали ризикот од мозочен удар за дури 70 проценти.
Го намалува ризикот од развивање на дијабетес тип 2
Оние кои уживаат во една чашка вино на ден имаат за 40 проценти помали шанси за развој на дијабетес тип 2, во однос на оние кои се воздржуваат од консумацијата на алкохол.
Ги одржува когнитивните способности
Лицата кои пијат 2-3 чаши вино неделно се во подобра состојба да ги одржат когнитивните способности, отколку оние кои никогаш не пробале алкохол, во овој случај виното го намалува ризикот од деменција и атрофија на мозокот, велат научниците.
Го продолжува животот
Умереното консумирање на вино е силно поврзано со намалувањето на ризиците од прерана смрт или смрт поради срцев удар. Во просек, луѓето кои консумираат умерена количина вино живеат 5 години повеќе од оние кои не пијат вино.