24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа витка става хранете се како француската кралица Марија Антоанета

За витка става хранете се како француската кралица Марија Антоанета

kralskislatki1

Диетата базирана на режимот на исхрана на француската кралица Марија Антоанета, дозволува внесување на слатки, но со задолжителен правилен распоред на храната и лесна вечера.

Кралицата не можела да им одолее на раскошните слатки, ја обожавала храната и уживала во гурманските специјалитети кои и доликувале на нејзиниот статус. Се прашувате како е можно тоа што имала обем на половина од 58 сантиметри?

Имено, тајната за виткиот струк лежела во првилниот распоред на оброците, каде за појадок задолжително е одредена количина на посластици, а за вечера се јаде само лесен оброк.

Режимот на исхрана на француската кралица го одразува т.н. „француски парадокс“ каде се јаде калорична храна, а сепак се одржува витката линија, а со самото тоа се избегнуваат и срцевите проблеми.

Појадокот на Марија Антоанета се состоел од колач со кафе или топла чоколада, за предјадење таа јадела природно подготвени паштети, остриги и јастог, а за ручек гулаш од зајак, лосос, или школки. Преку денот за ужинка јадела макарони со сирење и зеленчук со пикантен сос.

Затоа, препуштете и се на кралската гозба – сладок доручек, ручек по ваш избор и лесна вечера пред 20 часот, и нема да имате проблем со одржувањето на витката линија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП