понеделник, 6 февруари 2023
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЛотус ја продолжи соработката со Рено

Лотус ја продолжи соработката со Рено

lotus reno

Тимот на Лотус ќе вози со мотори на Рено и во новата турбо ера во Формула 1. Англискиот тим официјално објави дека заедничката работа со францускиот автомобилски концерн за испорака на мотори ќе продолжи во 2014-та година и дури и во следните години. Од Лотус сепак не ја открија должината на новиот договор.

„Драго ни е што нашето партнерство официјално е потврдено, додека новиот болид „Е22“ е подготвен да излезе на патеката за тестирање“, изјави Жан-Мишел Жалине, одговорен за спортски прашања во Рено.

„Исполнети сме со надеж дека можеме да ги доизградим нашите односи и соработка“, објави пак менаџерот на Лотус, Метју Картер.

Рено ќе го снабдува тимот со својот „Energy F1 – 2014 Power Unit“ за претстојната сезона. „Energy F1 – 2014“ е високотехнолошки погонски агрегат, дизајниран за радикално новите технички правила за 2014-та, кој ги обединува V6 турбодвигател со внатрешно согорување и директно вбризгување на горивото со два мотори – генератор кој ја собира енергијата генерирана при издувни гасови и за време на запирање. Комбинирани, системите ќе бидат над 35% поенергетско ефикасни во однос на претходните V8 мотори, благодарение на техничките и спортски правила кои го определуваат ограничување на доток на гориво од 100 кг / ч и максимално количество од 100 килограми за трка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП