19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа подобра меморија практикувајте пешачење

За подобра меморија практикувајте пешачење

peshachenjememorija1

Како да се заштитите од негативните ефекти врз мозокот и меморијата кои доаѓаат со годините? Физичките вежби ја подобруваат меморијата на луѓето во средните години, покажуваат истражувања.

Истражувањето објавено во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“ е направено од научниците на Универзитетот во Питсбург а учествувале 120 волонтери на возраст од 50 до 80 години.

Половина од волонтерите пешачеле по 40 минути дневно три пати во неделата, а другите редовно го истегнувале своето тело. Мозокот на учесниците бил скениран пред и по експериментот за да се проучи големината на нивниот хипокампус – дел од мозокот каде се создаваат нови мемории, а освен тоа им давале и мемориски тестови и им земале примероци од крвта.

Резултатите покажале дека кај оние кои само се растегнувале хипокампусот се намалил за 1,5 отсто, а кај оние кои пешачеле хипокампусот бил поголем отколку на почетокот на истражувањето.

Зголемувањето за околу два проценти значи дека дошло до подобрување на меморијата – онаа која ни помага да се сетиме како сме дошле до некое место, каде сме се паркирале или каде сме ги оставиле клучевите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП