28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОдличен е за мускулите и притисокот, а вие сигурно не го земате...

Одличен е за мускулите и притисокот, а вие сигурно не го земате доволно

vitamin d1595956565

Витаминот Д, или витаминот кој доаѓа од сонцето, како што е докажано со бројни истражувања, придонесува за здравјето и јакнењето на коските, го подобрува расположението и помага при намалувањето на вишокот килограми. Но знаците дека ви недостасува витамин Д не се лесно видливи.

Ако приметите еден или повеќе од овие проблеми, посетете го вашиот доктор и направете анализа на крвта. Но не посегнувајте самите по витаминот Д пред да бидете сигурни дека навистина тој ви недостасува.

Мускулна слабост

„Намаленото мускулно ткиво може да биде резултат од недостатокот на витамин Д во мускулите“. Исто така, ако приметите дека не можете да вежбате со ист интензитет како порано, можно е да ви недостасува витамин Д.

Депресија

Истражувањата покажуваат дека жените кои имаат недостаток на витамин Д се подепресивни од останатите.

Зголемена чувствителност на болка

Недоволното количество на витамин Д се поврзува со чувството на хронична болка.

Лесно кршење на коските

Витаминот Д ги зајакнува коските и доколку недостасува во организмот коските се послаби и лесно доаѓа до скршеници.

Висок крвен притисок

Исклучително е важен за здравјето на срцето и помага при регулација на крвниот притисок.

Поспаност

Недостатокот на витамин Д предизвикува хронична поспаност.

Екстремни промени на расположението

Истражувањата покажуваат дека на високото ниво на серотонин во мозокот влијае токму витаминот Д.

Недостаток на издржливост

Доколку не можете да издржите некој редовен тренинг или некоја потешка напорна работа која претходно без мака сте ја обавувале, веќе знаете што ви недостасува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП