10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто е толку тешко да се остават цигарите?

Зошто е толку тешко да се остават цигарите?

3649873625301fa717c3db268835990_origsmoke1

Симптомите кои се појавуваат на почетокот на одвикнувањето: вртоглавица (може да трае еден или два дена по престанувањето), депресија, чувство на фрустрација, нетрпеливост и лутина, тешкотија, раздразливост… предизвикуваат огромни психички и физички проблеми кај лицата кои се обидуваат да ги остават цигарите и често ги премислуваат од нивната замисла.

Каде оди никотинот и колку долго се задржува?

Никотинот влегува во крвотокот преку устата или носот и се шири по целиот организам што резултира со труење и загадување. Влијае на срцето и крвните садови, хормоните, метаболизмот и мозокот. Во текот на бременоста, никотинот ја опфаќа плацентата, тој се всадува во амнионската течност и крвта во папочната врвца на новороденчето.

Истражувањата покажуваат дека никотинот кај активните пушачи останува неколку денови и по престанокот на пушење цигари.

Како никотинот создава зависност?

Никотинот создава чувство на пријатност, па затоа желбата на пушачите за цигари непрекинато расте. Бидејќи нервниот систем се навикнува на никотинот, пушачите постепено несвесно ја зголемуваат дозата на цигари. Со тоа се зголемува количината на никотин во нивниот крвоток, па затоа тие имаат потреба од повеќе цигари за да се постигне саканиот ефект.

Пасивните пушачи, односно лицата кои не пушат но го вдишуваат димот од цигарите околу себе, исто така во организмот внесуваат високо ниво на никотин. Пасивните пушачи внесуваат 3,6 милиграми, а активните 4,5 милиграми никотин од една или две испушени цигари.

Проблеми со одвикнувањето

„Одвикнувањето од никотинот се карактеризира како физички и психички. Физички, телото реагира на кратењето на пушењето и едвај се бори со навиката постојано да се држи цигара во раката. Ментално и емоционално, човекот е соочен со откажување од навиката, а сето тоа бара долго време и голема промена во однесувањето. За успешно да се одвикнете од никотинот би требало да водите сметка и за физичките и за психичките аспекти од одвикнувањето. А тоа, да признаеме е голема мака.

Оние кои редовно пушеле цигари долг период и одеднаш престанале претрпуваат тешки состојби, исполнети со криза и двојно размислување. Лицата кои започнале со процесот на одвикнување имаат симптоми на одвикнување, тие симптоми обично започнуваат по неколку саати од последната цигара и можат да траат и до 3 месеци. Тие симптоми се предизвикани од кризата на телото и желбата за никотин, бидејќи никотинот постепено изглегува од телото, а телото има потреба од нова доза. Но, како поминуваат деновите симптомите се послаби, а телото се навикнува на поздравата средина.

Симптоми кои се појавуваат на почетокот на одвикнувањто:

Вртоглавица (може да трае еден или два дена по престанокот со пушење на цигари), депресија, фрустрација, нетрпеливост и лутина, тешкотија и раздразливост. Проблеми со спиењето, кои можат да прејдат во хронична несоница, немир и сл. Се јавуваат проблеми со концентрацијата, се појавува голем немир, главоболка, нервоза, замор, зголемен апетит и побавно отчукување на срцето. Сето ова е поради тоа што телото до денот на престанокот е навикнато на одредена доза на никотин, и откако ќе престанете тоа непрекинато ви сигнализира да ја внесете дозата на никотин со цел тоа да функционира како и до тој ден. Но, со сериозно пристапување и менување на навиките, вие на телото ќе му покажете дека функционирањето без никотин е подобро решение. Впуштете се во оваа „авантура“, и обидете се со сите сили да се решите од цигарите без оглед на тоа колку е тежок овој процес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП