ПочетнаЗДРАВЈЕПрекинeте го пушењето за подобро ментално здравје

Прекинeте го пушењето за подобро ментално здравје

therapy-to-quit-smoking

Лицата кои ќе престанат да пушат имаат помалку потешкотии со менталното здравје, пишува стручното списание „Psychological Medicine“.

Податоците собрани во текот на три години од околу 4.800 испитаници го поврзуваат прекинот на пушењето со намалена присутност на пореметување на расположението.

Научниците од Универзитетот Вашингтон наведуваат дека при третирање на пореметувањето на менталното здравје лекарите најчесто се фокусираат на психијатриските проблеми и притоа прават превид на зависноста од цигари кај пациентите.

Притоа најчесто се смета дека обидите за прекин на пушењето имале негативен ефект врз терапијата.

Наодите на новата студија покажуваат дека би било идеално да се поврзе прекинот на пушењето со терапии насочени на менталното здравје, додаваат американските истражувачи.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП