18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAIG забележа профит и ја крена дивидендата

AIG забележа профит и ја крена дивидендата

aigg 21

Американскaта осигурителна компанија „American International Group“ (AIG) вчера објави дека ја крева дивидендата и го зголемува откупот на акции, откако забележаа профит во четвртиот квартал во споредба со негативниот резултат од година порано.

Компанијата исто така најави дека очекува да го намали бројот на вработени во целиот свет за околу 3 проценти, што според аналитичарите ќе помогне да се подобри профитабилностa. Компанијата најави дека е зголеменa дивидендата за 25 % до 12,5 центи по акција, во споредба со 10-те центи пред тоа и дека одобрила откуп на акции за 1 милијарда долари.

Акциите на „AIG“ поскапеа за 1,7 % до 50.42 долари. Осигурителот забележа добивка во износ од 1,98 милијарди долари за четвртиот квартал или 1.34 долари заработка по акција, во споредба со загубата од 3,96 милијарди долари или 2.68 долари по акција, за истиот период една година порано.

Оперативната добивка на компанијата изнесува 1,70 милијарди долари или 1,15 долари по акција. Прелиминарните очекувања на аналитичарите беа за профит во износ од 96 центи по акција, според истражувањето на „Thomson Reuters“. Компанијата најави нето загуба во износ од 4.4 милијарди долари за четвртиот квартал на 2012-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП