4 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИАмериканскиот долар повторно пред колапс

Американскиот долар повторно пред колапс

The-U.S.-Dollar

Американците како програмирани во ист период од годината како и претходните години повторно ја задржуваат истата политика за подигање на плафонот на задолженост, а како што го подигаат така и реагира нивната валута само во обратна насока.

Како изгледааат графиконите на американската валута во однос на другите главни валути се поверојатно е дека се здобива со ново-стар надолен тренд, па најверојатно во наредниве неколку денови, недели ќе видиме нови рекордно високи цени на еврото, фунтата, франкот, јенот и другите основни валути спрема американскиот долар.

Еврото во однос на доларот вчера се движеше во нагорна линија, при што на основа на дневни свеќи се констатира едно пробивање над силниот отпор од 1,3680, а како што анализиравме вчера токму таа граница и беше предвидена за доколку се пробие, цената да формира нов нагорен тренд.

Вчерашен приказ:

yuhu

Денешен приказ:

asasa

Пробивот е комплетиран со завршувањето на дневната свеќа од 13.02.2014, при што цената навлегува во нова горна зона каде сега најниска граница е 1,3680, а нов отпор ни претставува 1,3800, кој се очекува да биде достигнат во следните неколку денови.

 

Валутен пар USD/JPY:

azaza

Кај валутниот пар USD/JPY забележавме поголем пад и нов пробив под поддршката 102,00, моментално цената се задржува на 101,70, а доколку доларот тоне ќе достигне една најниска вредност од 98,20, поддршка која во претходната година претставуваше цена на зголемена волијатилност или “Price Action Level”.

 

Валутен пар USD/CHF:

awe

Доларот во однос на швајцарскиот франк се задржува во опаѓачкиот канал и долна зона под психолошката граница од 0,9000, и стреми кон најниската цена за последните 3 години од 0,8800, што е многу веројатно дека ќе ја достигне, а можно е и рушење на нов најнизок рекорд до 0,8700.

 

Валутен пар GBP/USD:

axel

Фунтата непрестајно расте во однос на доларот во еден долготраен мирен нагорен канал, а вчера проби повторно еден ултиматен отпор над цената 1,6570 со што се зголемува сентиментот на купувачите и многу веројатно ќе ја искачат цената до новиот највисок отпор 1,6890.

 

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП