29 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПравилниот распоред на храната во фрижидерот ви помага да ослабите

Правилниот распоред на храната во фрижидерот ви помага да ослабите

frizider15ljhfsartuj

Со помош на неколку трикови за правилен распоред на храната во фрижидерот можете да ја подобрите својата исхрана и да го изгубите вишокот килограми.

Претходните истражувања покажаа дека ако здравата храна ја ставиме да ни биде на ниво на очите или ако посебно ја означиме, почесто ќе се одлучуваме за здравите намирници.

Долгорочната студија на оваа тема спроведена во општата болница во Масачусетс го потврди тоа. Имено, истражувачите две години ја распределувале храната во болничките ресторани. На здравите намирници има лепеле зелени налепници, на намирниците кои имаат доста калории и заситени масти им лепеле црвени налепници, додека на храната со умерени карактеристики и лепеле налепници со жолта боја. Намирниците биле распределени на тој начин што зелените намирници секогаш биле најдостапни.

Во првите шест месеци од екпериментот, продажбата на зелените намирници значително пораснала, а на оние со црвена боја значително опаднала.

Доколку се одлучите да ги промените своите навики во исхраната, започнете со реоганизација на храната во фрижидерот, слободно започнете да лепите налепници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП