3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКХВ времено забрани „Илирика Инвестментс“ да врши услуги со хартии од вредност

КХВ времено забрани „Илирика Инвестментс“ да врши услуги со хартии од вредност

komisija hartii

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на денешната седница донесе решение со кое на брокерската куќа „Илирика Инвестментс“ АД Скопје и забрани да врши услуги со хартии од вредност во времетраење од 15 работни дена.

Оваа санкција, Комисијата ја изрече бидејќи брокерската куќа ги прекршила Законот за хартии од вредност, Правилата за тргување на Македонската берза и Правилата за работа на Централниот депозитар за хартии од вредност.

Брокерската куќа се обидела да реализира купопродажни налози кои не биле уредно потпишани од клиентот, не ја одржувала структурата на основната главнина согласно прописите и вршела увид во сметките на хартии од вредност на клиенти, без да поседува уредни полномоштва за увид и резервација од страна на имателите на сметките.

Комисијата ги задолжи Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје по приемот на ова решение, привремено да ја исклучат од членство брокерската куќа „Илирика Инвестментс“ АД Скопје, додека трае забраната.

На седницата КХВ издаде и една дозвола за работа на брокер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП