2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈанакиески: Продолжува инвестицискиот циклус во железничкиот сектор

Јанакиески: Продолжува инвестицискиот циклус во железничкиот сектор

janakieski

Изградба и реконструкција на железнички пруги на коридорите 8 и 10 и подобрување на железничкиот превоз преку набавка на патнички и товарни вагони, се дел од активностите што Министерството за транспорт и врски ги реализираше во текот на минатата година.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска давајќи осврт на сработеното најави дека и годинава продолжува големиот инвестициски циклус кога меѓу другото е планирано да започне изградбата на железничката пруга од Куманово до Бељаковце долга 30 километри. За реализација на проектот обезбедени се 46,4 милиони евра. Паралелно со ова, се работи на обезбедување финансиски средства и за делниците од Бељаковце до Крива Паланка и од Паланка до границата со Бугарија.

Досега изработени се и физибилити студија и идејни проекти за железничкото поврзување со Албанија, а во тек е и тендерската постапка за избор на консултант кој треба да ги изработи основените проекти.

Минатата година завршен е и ремонтот на две железнички делници на потегот од Табановце до Гевгелија, а дополнително е планирана и модернизација на делницата Ногаевци-Градско-Кукуречани до Неготино.

Во тек на реализација е и проектот за подобрување на инфраструктурата и зголемување на брзината за три железнички делници долж Коридорот 10 и тоа Куманово – Дељадровце, Драчево – Велес и Битола – Кременица.

Годинава се очекува да започне и модернизацијата на железничката станица во Скопје која е изградена по катастрофалниот земјотрес, а предевидена е и реконструкција на уште десет железнички станици долж Коридорот 10 меѓу кои во Битола, Велес, Прилеп, Гевгелија, Демир Капија и Неготино.

Во насока на подобрување на железничкиот превоз минатата година склучен е договорот за набавка на 150 нови товарни вагони, а во тек е и набавката на шест нови железнички гарнитури за превоз на околу 1.200 патници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП