20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВака изгледа „црната листа“ на Мојс

Вака изгледа „црната листа“ на Мојс

photo_verybig_396137

Досега најлошиот старт на сезоната на Манчестер Јунајтед, нема да остане без последици. Менаџерот Дејвид Мојс продолжува да ја ужива поддршката од раководството на клубот и во текот на летото ќе преземе сериозна чистка.

По трите порази за една недела, Шкотланѓанецот конечно се убедил дека дел од фудбалерите немаат иднина на „Олд Трафорд“.

Според „Daily Mail“ во „црната листа“ на Мојс фигурираат 8 имиња. Меѓу нив се централните дефанзивци Рио Фердинанд и Немања Видиќ, на кои им истекуваат договорите и ќе си заминат како слободни играчи. Другите фудбалери кои во иднина нема да го носат дресот на Јунајтед се Хавиер Хернандез, Патрис Евра, Луис Нани, Андерсон, Александер Бетнер и резервниот голман Андерс Линдегард.

Со добиените пари од продажбата на останатите играчи и ветените од семејството Глејзер над 100 милиони фунти за селекција, Мојс ќе може целосно да го реновира составот на „црвените ѓаволи“. Можно е уште до крајот на месецот Јунајтед да оствари скап трансфер, но вистинската работа на реконструкцијата на тимот претстои по крајот на сезоната.

По 20. одиграни кола Манчестер Јунајтед е на 7-то место во Премиер лигата и заостанува цели 11 поени зад лидерот Арсенал. Шампиони веќе испаднаа од ФА Купот по поразот од Свонси, а во вторникот беа поразени со 1:2 од Сандерленд во првиот полуфинален меч за Лига Купот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП