27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКафе-бар каде е се бесплатно освен времето

Кафе-бар каде е се бесплатно освен времето

Antique_Clock_Face

Во Лондон почна да работи првиот кафе -бар каде е се бесплатно, освен времето кое таму гостите го поминуваат, а една минута чини три пени.

Станува збор за руски синџир на кафе-барови „Зиферблат“ кој сега го доби првиот објект во Британија.

Насловот на кафе-барот е кованица од рускиот и германскиот јазик и означува бројчаник на часовник.

Идеата е во тоа што гостите во кафе-барот земат будилник од ормарот кога ќе влезат во кафе-барот и го местат времето, а алармот ќе се огласи по неговото истекување.

Не постои минимално време кое гостите можат да го поминат во кафе-барот. На гостите им е на
располагање кафе, разни напитоци, бисквити, овошје, зеленчук, сурфање по интернет, па дури и тоа сами во кујната да подготват храна или да си направат кафе.

Гостите можат да отсвират и по некоја нота на клавирот, пишува „Гардијен“, а еден час време за се она што го нуди кафе-барот чини фунта и 80 пени.

Сопственикот на „Зиферблат“, Иван Митин отвври 10 кафе-барови во Русија во изминатитедве години и сега  сака ширум светот да ја примени својата идеа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП