29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШумахер не бил невнимателен

Шумахер не бил невнимателен

Michael-Schumacher

Михаел Шумахер не бил невнимателен при несреќата во зимскиот центар Мерибел во француските Алпи, јавува дописникот на МИА од Париз.

Ова е заклучокот од анализата на снимките од видео камерата која поранешниот шампион на Формула 1 ја носел на својот заштитен шлем.

Снимките биле во рацете на истражните органи од пред неколку дена, а од нив се гледа дека Германецот скијал со намалена брзина и контролирано.

Шумахер тешко се повреди удирајќи во карпа која се наоѓа во еден вид на „остров“ меѓу две скијачки патеки, едната црвена, друга сина, (означени се според нивната тежина) на десетина метри од нивното обележување.

Јавниот обвинител од Албертвол Патрик Кинси во текот на денов треба да ги официјализира овие заклучоци, од кои ќе зависат пред се постапките пред осигурителните компании за одговорноста на несреќата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП