25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовинар облечен како свештеник се обидел да влезе во собата на Шумахер...

Новинар облечен како свештеник се обидел да влезе во собата на Шумахер

MichaelSchumacher

Еден новинар преправен како свештеник се обидел да влезе во болничката соба, во која е сместен Михаел Шумахер, повеќекратен шампион на Формула 1, кој доживеа тешка несреќа на скијање во Франција.

Менаџерката на Шумахер, Сабине Кем по прес-конференцијата во францускиот град Гренобл, каде тој е сместен, на новинарите на германскиот весник „Велт“ им соопштила дека новинар преоблечен како свештеник се обидел да влезе во собата на Шумахер.

– Никогаш немаше да помислам дека вакво нешто ќе се случи, рече Сабине Кем.

Лажниот свештеник наводно е исфрлен од болницата, откако е утврдено дека не е тој за кој се претставувал.

– Здравствената состојба на Шумахер е стабилна, потврди неговата менаџерка Кем.

– Неговата состојба изутрината е стабилна. Моментално тоа се добри вести, но бе би сакала да се впуштам во натамошни прогнози. Тој и натаму е во вештачки предизвикана кома, рече таа.

Шумахер во неделата на скијање во францускиот центар Мерибел се здоби со тешки повреди, откако падна и со главата удри во карпа, а моментално е во вештачки предизвикана кома и лекарите на болницата во Гренобл се борат за неговиот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП