27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛоши навики кои сериозно ни го оштетуваат телото

Лоши навики кои сериозно ни го оштетуваат телото

cigaricig54

Што е полошо за карлицата – два часа во автомобил или седум во канцеларија? Доживотни траги на телото подлабоко ќе ви остави времето минато зад воланот. Еве од што уште вашето тело сериозно се оштетува.

1. Премалку движење

Слабата циркулација, која најчесто се јавува како последица на недостатокот на физичка активност доведува до запушување на артериите, а тоа ја зголемува опасноста од мозочен удар. Доколку секојдневно шетате барем по 20 минути или три часа неделно, ќе го преполовите ризикот.

2. Премногу алкохол

Прекумерната количина на алкохол штети. Третата чаша вино или пиво значително го оптеретува црниот дроб, а секоја чаша плус може да создаде уште поголеми проблеми. Ако сакате да го зачувате здравјето стојте понастрана од алкохолот.

3. Цигари

Пушењето доведува до стеснување на крвните садови, а со самото тоа и до појава на хипертензија. Отровите од цигарите пречат на се па и на растот и способноста за регенерација на коскената срж, што во подоцнежни години може да ви ја донесе остеопорозата пред врата. Цели седум години откако ќе престанете да пушите вашето тело ќе ги исфрла отровите кои ви се насобрани во организмот.

4. Оптеретување на карлицата

Карлицата ќе ви го запомни секое оптеретување. Два часа сесење во автомобил за карлицата е полошо отколку осум часови во канцеларија, бидејќи таму од време на време сепак станувате. Вашиот ‘рбет е особено чувствителен во долниот дел. Кога и да можете, направете неколку вежби за зајакнување на мускулите на грбот.

5. Премногу месни производи

Секојдневното конзумирање на преработено месо не е здрава навика. Докторите забележале дека заситените животински масти со разградувањето во нашиот организам создаваат супстанци кои ја зголемуваат опасноста од појава на болести на крвнтие садови. За почеток, одберете еден ден во неделата кога воопшто нема да јадете месни производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП