29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМихаел Шумахер се бори за својот живот по инцидентот за време на...

Михаел Шумахер се бори за својот живот по инцидентот за време на скијање

ms

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, германскиот возач Михаел Шумахер се бори за својот живот по тешкиот инцидент за време на скијањето на француските Алпи.

Шумахер е хоспитализиран во одделението за интензивна нега во болницата во Гренобл, каде е пренесен со хеликоптер од скијачкиот центар Мерибел во реонот на Албервил.

Лекарите во болницата соопштија дека германскиот автомобилски ас има тешки повреди на мозокот.

Тој се наоѓа во кома и неговата здравствена состојба е критична, а лекарите биле принудени да му извршат итна операција на главата за да се запре внатрешното крварење.

Претходно се тврдеше дека Шумахер не е сериозно повреден и дека самиот си заминал од местото на инцидентот, објаснувајќи дека има само болови од паѓањето.

Подоцна е информирано дека спасувачките патроли на центарот Мерибел, кои први дошле до повредениот скијач, побарале лекарска помош за да му се помогне на Германецот, по што тој прво бил пренесен во локалната болница, а од таму набрзо бил префрлен во болницата во Гренобл.

Инцидентот се случи вчера претпладне, додека Шумахер се скијал со својот син надвор од означената скијачка патека.

При падот удрил со главата во една карпа. Иако носел скијачки шлем, тој не помогнал да ја спречи тешката повреда, предизвикана од ударот во карпата.

На трети јануари Шумахер ќе наполни 45 години. Во октомври минатата година тој по вторпат се повлече од автомобилските писти и трките на Формула 1.

Првпат се повлече во 2006 година по еден пад во Шпанија, возејќи моторцикл. Но се врати во трките во 2010 и остана три сезони во Формула 1, без да успее да ги повтори претходните резултати од својата богата
кариера.

На тркачките патеки остана 19 години, успевајќи да победи во 91 трка. Седум пати беше светски шампион, првпат во 1994 и потоа во 1995 година, како и петпати по ред, од 2000 до 2004 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП